од (предл.) - свет (имн.)

Тој страхуваше дека последиците од „двоверството” односно „јаничарството” на Балканот можат да бидат најжестоки, пожестоки од тие што ги познава историјата во другите делови од светот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тргнете ги столовите од светот, направете човекот да го заборави нивното постоење и зборот стол да исчезне од сите реченици на светот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зајден сум некаде, а тоа некаде, не ми враќа ништо, нема одѕив од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Станав да направам некакво движење, да се пробудам од светот на мојот предок.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Застана на едно место и се разгледа наоколу, не толку со љубопитство, колку со важност, божем целиот свет знае дека се вратил и дека е тој тука, но не истиот, туку друг, богат, испеглан и чист, човек од светот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
По широките, како флорини, светнати скали долго крцкаа чевлите на мажите и шушкаа копринените фустани на жените. Куќата натежна од свет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
За тоа време, скриена од светот Горда го родила детето и го оставила да го чуваат јабанџии, ветувајќи им дека наскоро ќе се врати да си го земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Одеднаш чаршафот од ацетат, што му ги заштитуваше чувствата од светот, почна да се топи и неговата огромна празнина во душата се наполни со тапа болка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стоеше над мене, со книга и калем в рака, и на книгата, со наши букви беше испишана тајната запишана на Папокот од светот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Излегуваше, така дека Писмородецот си заградил дел од светот што го создал Господ и рекол: еве, со ова ќе живеете, и ништо друго за што јас не сум родил буква веќе не постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Та нели светот земен е понесовршен од светот небесен, па еднакво така и од понесовршени нешта треба да биде сочинет?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Бев пресреќен, затоа што уште оддалеку ми се чинеше дека под тој шатор, под тоа омеѓено парче небо се случуваат сосем чудни работи, целосно независни од светот наоколу.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ако се однесува на нациите, оваа разлика би значела дека нациите можат само да заплашуваат други нации и „една од желбите“ на моќната нација „е да тргува со слабостите на остатокот од светот“ - фраза која има чудни резонанци во денешните денови на таканаречениот - нов поредок на светот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова може да биде позитивно за нашата уметност, бидејќи овие емоции вклучуваат спонтани реакции на природниот свет, донесувајќи чувства кои сѐ уште не се избришани од светот на телевизиските екрани и од потрошувачката рекламна машинерија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Има многу варијации на начините на кои се конструира машката геј- култура, во поединечните геј- заедници што припаѓаат на различни национални или етнички култури во разните делови од светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сите знаеме дека глувците ја пренесуваат чумата, но знаеме и дека чумата одамна е искорнета од светот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Кога ќе посакав да им запеам приспивна на внуците, ги чукав клепалата, вртејќи се на сите страни од светот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како да бев во една од куќите на Кукулино: од огниште на кое виси поцрнет котел се шири црвеникава топлина, удира во луѓето и им ги брише од лицата грижите и годините: светлоста се мрешка по земјениот под, мислиш вода е над кој минува здив на ветар: чкрта стара маса на долги нозе, на неа е дрвена карта со ракија, зад луѓето плашливо трепка око на кандило и потсетува на заборавена ѕвезда под проѕирни партали на пајажина: топло е, животот е далеку од светот на домаќините и гостите, обесената низа лук на ѕидот брани од урокливите очи на темницата зад прозорците. ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Језекил имал многу такви денови, а неговото рамо било така сништено, што се чинело дека носи некаква невидлива неминовна копанка со малтер, под чијашто тежина се ведне, дури и кога поминувал по сокаците на селото, доаѓајќи си како туѓоземјанин, вратен од светот, со печалбата врзана в крпче, скинат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помисли колку беше осамена. Значи, замина тетка ми сама од светот во кој живееше сосема сама, помисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- На крстот се сите страни од светот, вели Григор и се крсти.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Човекот со плач иди на светов и со плач си оди од светов, рече Дуко Вендија, одејќи рамо израмо со Родена Мегленоски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Конзервативна мала земја, ете тоа сме најконкретно. Што би рекол ти, на крајот од светот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Имено, во 2008 година направив еден посебен антологиски избор на раскази од светот, кој е објавен под наслов Свет во мало, во издание на ПроЛитера од Скопје.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
По некое време светот е сведен на нешто многу мало и почнувам да плачам. Се чувствувам отсечена од светот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Што сака оној кретен, негово ли е местово.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Светиња која ме потсетува на моите предци, заминати од светов.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Постојано сакаше да биде во движење, да подработува нешто или да шета или да ги движи мислите со мудрости што ги имаше донесено со себе од светот; и пиеше само вода што се движи; никогаш не пиеше вода што стои: од бунар, од вир, од локва и колку таа да беше чиста.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Во публиката се сместуваа видни луѓе од државата, но и важни луѓе од светот на текстилната индустрија која имаше неколку децениска традиција во Македонија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Човечки фигури, геометриски знаци и други форми пронајдени се, врежани или насликани, над и под земјата на карпи („петроглифи“), градби, гробници, грнчарија и други објекти во разни делови од светот. Нивното значење главно е непознато. 190 okno.mk
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во летната медитеранска екстаза на Езерото, кога над него владее огромната сина тишина, нема човек, посебно поет кој искачен на вишинката кај манастирот Свети Наум не чувствува потреба да напише песна туку е обземен од внатрешниот неодреден порив да ги - раскаже разликите од светот од кој иде!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се обидував, да ја споредам својата судбина на балканскиот дел на Медитеранот, на Охридското Езеро, како негов некогашен дел со камиевската во потрагата по енигмите на природата и забрзаните одговори на историјата, посебно балканската историја, како и реакциите на големите поети на светот, кои овде ќе минат неколку рајски денови(Андре Френо)...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби ќе го најде за миг во катедралната црква Света Софија, по речиси три децении од првото доаѓање на бреговите на Езерото, ќе трага по клучот на бравата на слободата, ќе ја најде отворена вратата на катедралната црква Света Софија, во храмот таа ноќ престорен во поетски храм на добрината и толерантноста на поворката избрани поети од светот на Езерото, татковина на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа ќе биде поврзано и со целите на колонијалните сили на Европа од крајот на XIX век по падот на Отоманската империја и со непрекинатите аспирации за поделба и влијанија на овој дел од светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На прв план, палестинското прашање ќе се најде поврзано со еврејското прашање и тоа со трагично минато во кое се мешаа политиката, историјата, религијата и многу митови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш нашиот егзил нема да биде залуден, пееше Дарвиш, по својот полвековен егзил, за вечното враќање дома на Палестинците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја спуштам завесата и таа одново ме одделува од светот во кој, поттикот во мене што не згаснал сосем, ме тера повторно да чекорам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во колата седеше и Илко, татко му на Мил, кој се враќаше од свет во кој долги години беше заскитан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Залегнат в кревет со криглата пиво го вклучив моето радиоактивно теле позната водителка ставила ботокс а јас од летаргија почнав да зевам По навика редовно мењав канали дневна политика, срања тривијални вести од светот дежаву војни курвите од Нато фрлале бомби
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Само што ќе го наслушнете внатрешниот Глас алхемијата на домот веднаш тргнувате ни риби, ни змии на далечен пат, само вам знајниот Млечен пат од слатки и солени води на деноноќни бесони патешествија во кои го составувате едниот крај на светот со другиот па повеќе не е јасно дали егзилот е траума или радост на преселбите да се биде и таму, и ваму од светот да се направи меѓусвет секогаш да недостасува нешто суштествено од едно и едно да се направат три носталгијата да биде дискретна смисла на опстанокот која ревидира сѐ и повторно ги дефинира и селидбите, и враќањата и татковината, и туѓината!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Претполагам дека токму во тоа е неволјата - во ниту еден поглед не бевме ништо друго освен она што сме, не се ни обидувавме тоа да го сториме, додека поголемиот дел од светот се напрегаше да биде нешто друго, понекогаш и нешто сосема друго.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Тоа што веднаш и тревожно нѐ вознемируваше беше таа тотална отсеченост од светот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го забрзав чекорот, потоа побрзав кон излезот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Доволно навредливо беше изложувањето на сликата на Дик Трејси како уметничко дело од страна на Енди Ворхол.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова, се разбира, предизвика ужас кај поголемиот дел од уметничкиот свет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сериозноста на сликите и скулптурите досега нудеа, меѓу другото, бегство од светот на хамбургерите и евтините магазини, а најповеќе од постојаната пресија на рекламите, филмовите и телевизијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И каде најинтимно можете да ја барате судбината ако не во сопственото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Најголема трагедија е да видите многу од светот но сѐ уште да не успеете да допрете до сопствената душа.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Повозвишен свет од светот на играчките немало на земјинава топка ни во една сказна.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Најмногу небо гледаат, а од светот и просторот пред нив толку гледаат, колку што може да се види од пушкарница и мушицата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Знаеше дека грубото лице на стварноста демне од секое катче на животот, и се одрекна од светот бидејќи, рече тој, во него не може да се проникне.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наместо тоа, тој ги усидри своите текстови во поредокот на интелектот, во одредливите води на библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Она што го напиша за Пол Валери може да се примени и на него самиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Во еден век кој ги обожува идолите на крвта, земјата и страста, тој секогаш повеќе ги сакаше луцидните задоволства на мислата и тајните авантури на редот.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Гледај кај нѐ дотераа, сестро златна, ќе вели Оливера Поточка, на крајот од светот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека на ниеден крај од светот не можам да бидам посреќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од едниот на другиот крај од светот, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)