И порано ќе ми кажел, ама не дошло ред, друго е сега кога на чуден начин сме се нашле надвор од секојдневието.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Амам: промена на смислата
Не кога ќе влезеш
и кога ќе те заплисне врел
и непроѕирен воздух
не кога ќе те поклопат
капките разлеани по ѕидовите
реата, мермерот, мрморењето
не кога ќе те обземе вртоглавица
зашеметеност од празнината
на амамот, полна пот, плот и пареа
не кога ќе те погоди како отсјај во сон
светлината подадена низ розетата
дозирано, од високо
не додека студеното сонце-иње
од карши ги облагородува
дрвјата, релјефите, порталите, фасадите
на сараите
туку
кога ќе потонеш гола во гротлото
ко крвава рожба во исцедокот од водолијата
тукушто прсната, за да може
да се слизне низ пенџерето
на животот
(на)право во царството на немилосрдноста
кога збунетото тело ќе помисли
дека секое друго место е подобро
ама ќе остане и понатаму - таму
без да се помести
кога ќе ја осетиш жешката вода како оддалечување
од секојдневието, од агонијата на распадот
(целото е мислена именка, далечно минато)
кога ќе се престориш течен заборав
божји благослов
и ќе му се предадеш на телото мислејќи
си ѝ се предал
на психата
егзотичното прелевање на смислата
сѐ додека не се претвориш во
прелив како таков
кога ќе се испреплетат значењата
едни со други
и ќе се испретурат во кошницата
на светогледот
а ти ќе тргнеш во потрага по
почетокот
кога ќе сфатиш -
Бизант е капија во темните агли на памтењето
цела епоха е втисната како анатолиска крпенка
во обичните зборови од твојот мајчин јазик
во интимата на јазикот
и се спровира низ капијата
кон одаите и спалните
дома
кајшто по извесно време
по извесна стварност
потеклото се заташкува
сродството се изобличува
јазикот има свои потреби
како и телото
сфаќаш и тонеш во без-сознание
зад јазикот, отаде
нека почека
ако те чека ...
Истанбул, декември 2003
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Поглед на едни очи во една соба за двајца... солзи за да ми го измие лицето од секојдневието.. една прегратка за вечност за да ја чувам во себе себично додека дишам...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Водена од тој животен феномен ништо не ме спречува да ја откријам енигмата на здодевното секојдневие од целиот сопствен багаж, од најдлабоките лични тунели да ги извадам зрелите плодови, сочните овошја и да исцедам свежи сокови за освежување и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Зад секој агол се изненадувањата на животот, непредвидливоста е најубавиот дел од секојдневието, можеби најубавото уште не сме го доживеале.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)