Ќе живееш сѐ додека глутницата од силници има потреба од твоето живеење. Живеј за себе!
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Пленувањето на децата во Прилеп, како и зулумите во Чаништа и Лисиче ги огорчи сите слободољубиви Мариовци и во еден од летните дни на идната 1549 година се собраа во малото селце Сатока: земскиот кмет, кефалиите од сите села, поповите и други повидни луѓе и еднодушно го прифатија предлогот на поп Јакова: да се бранат од силниците, потпирајќи се на ферманот и бераатите од старите султани дадени на султанијата Мара, во кои пишуваше дека тој хаспосед Мариово нејзе и е отстапено и дека таа ги ослободила овие села од секакви давачки, та сега ова што го прави прилепскиот кадија е газење на тие стари закони и нивни права.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)