Лудата марта, ветриште со кое уште еднаш се сретнувам во својот живот, удира во мојот мантил со боја на мувлив тутун и се обидува да ме крене, да ме скрши од стебло или од камен. Не може.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Нишајќи се со рацете ставени на грбот, со некое држење на филозоф или некој древен мудрец кој е длабоко потонат во сопствените мисли, на едно од стеблата на дебелите дрва забележа дека некоја битанга со нож имаше издлабено: I work for money, don’t give me loyalty, cause I’d rather do blow job to your dog ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Тивко ветре завеваше, свирејќи низ голите гранки... откинувајќи ситни праменчиња мов од стеблата на буките...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
А под тој прекрасен покрив, на кого сонцето слетуваше со своите волшебни шари, стоеше една сива длабочина, испреплеткана и затната од стеблата, со некакво модрикаво, крвјосано застрашување на понорна сенка, по која ретко можеа да се изнајдат и понекоја сина заискрена ѕвездичка на снежните кристали. Замина натаму, без двоумење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Забележа: тој што никна од стеблата и самиот прав и необичен како стебло, гледаше во се со исти очи - и во кепеците и во нејзината осина половина.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
И наеднаш еден друг глас небаре ко гром се растури над ливадата: - Станвајте!!! - падна зарипната команда, се испокрши од стеблата и се изгуби во шумата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)