Но не се случило така. Другиот ден, уште во темни зори, Арслан бег со дружината стигна на Плазики и од другата страна на блатото забележа два дората но од стопаните на коњите немаше ни трага.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
На сокак, без двоумење, донесе решение никому да не кажува што му се случило а своите да ги поучи да се клонат од стопаните на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ибн Пајко продолжи:
„Еве го решението да се поправи сокакот до Бојаџилар Мејдани, ама потрошените средства да се наплатат од стопаните на дуќаните крај сокакот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Види ме мене кај сум врзан од стопана уште од темни зори, во оваа песочина и пржал, кај што нема едно коренче трева; не можеше да ме сопне барем во трњено, близу до патот, кај што има и прав - да си се потркалав за да си ги почешав саднава, што ми се отворени на плеќиве од носење песок со најголеми кобли, дури ја напраи летоска куќата.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)