Како предизвик или имагинарна наука, единствено некоја патафизика на симулакрумот може да нѐ извлече од стратегијата на симулација на системот и да нѐ изведе од смртниот ќорсокак во кој тој нѐ затвара.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Оти чувствував длабока аналогија меѓу сексот (сѐ уште неостварен со Луција) и политиката; чувствував дека и во љубовта на Луција има дел од таа политика, од стратегиите. И ја одбив.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Колку ли пати во животот му се препуштав на најризичниот пат кој сигурно излегуваше од стратегијата и орбитата на татковиот балкански егзил: како да се заобиколи затворот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)