Како и да е, тој со своите две збирки раскази, „Ѓон“ и „Скок со стап“ значително отскокна меѓу жабите во мочуриштето, иако неговата иднина како врвен прозаист, си дозволувам да кажам, изгледа прилично несигурно бидејќи во неговите раскази се чувствува одреден недостаток од теми и одредена тежина при создавањето - што е, ако ништо повеќе, лек против неподносливата леснотија на пишување на скрибоманите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Познатата теза на Френцис Фукујама од крајот на дваесеттиот век е една од темите кои вршеа големо влијание на литературата кон крајот од дваесеттиот век.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Не очекуваше таков пресврт, толку големо оддалечување од темата на башибозукот, но суштински останувајќи позадлабочено на смислата на неговото натамошно лексичко постоење.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Цветан Горски насетуваше, според реакцијата на дел од присутните, дека се оддалечуваше од темата за која беше повикан да говори како биолог.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Костадин но и Петар беа момци со посебен оштар дух, имаа огромен репертоар на вицови, анегдоти и досетки и секогаш знаеа многу вешто да ги поврзат или да се инспирираат од темата на разговор и да ги насмеат соговорниците.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Зашто, ако не сум направила ништо за себе во последните 3 децении, во една ноќ сум влегла во десеттина кафеани, од која едната специјално ми ја отворија само за да влезам во тоалет, па пиев и вино место чај (а, тоа не сум го направила никогаш!), шетав во парк по дожд, разговарав скокајќи од тема на тема за да стигнам да раскажам сè, се срамев, не се срамев, сакав да заспијам, не сакав да заспијам и, во едно деноноќие, ги доживеав двата изгрева...
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Сепак, текстовите што се пред вас, донекаде го предочуваат подрачјето од теми и проблеми објавени во минатогодишните броеви на Хипатија, специјализиран журнал за феминистичка философија кој можеби на најдостоен начин го пројавува стремежот на жените за полноправно учество во она што преостана од некогашната „кралица на знаењето“ и „умоводителка“.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)