Татко ми не беше премногу воодушевен од своето дело, се прекоруваше оти не употребил некоја од техниките за кои беше читал во еротските магазини што му ги носеше вујко му од Австралија, но знаеше и што значи за родителите машко дете - само проблеми и грижи, а богами, го имаше за пример шурата.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Нивниот суштински проект не беше сликарски проект; Duchamp се обидуваше на традиционалните сликарски средства да им ги придружи оние најмалку очекуваните: користејќи ги, за создавање на своите форми, по ред, оловната жица, калајот, прашината, талкот, колачот од бадем и чоколадото во прав, како што Leonardo потполно сам пронајде нов начин да се излие бронзен коњ, но и експериментирајќи со ѕидното сликарство, почнувајќи од техниките кои веќе немаат никаква врска со фреско-сликарството, туку се потпираат на температа и енкаустиката.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)