По манастирските конаци распослани се трпези, јадат, пијат луѓето, се веселат, оѕвива песната; игуменот оди од трпеза на трпеза и ги поздравува, ги благословува.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Вечерта си дошол од нива заедно со друзите аргати, седнале да вечераат и сиромајот му текнало оти ѓоа српот си го забораил на нива; рипнал од трпезата, без да јадит леб, и отрчал на нива за да си го земит српот.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во бележникот на поетот ваквите случувања ја носат етикетата срамни трошки од трпезата на животот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тоа беше соседот на кој Мајка никогаш не забораваше да му скрши парче погача од трпезата на нашата сиромаштија, за неговите деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)