од (предл.) - умор (имн.)

Добра ноќ, изговараат по него главите на сојовите кои живеат и работат кај него, на неговиот имот, и поздравувајќи се меѓу себе и со Васила Митрески, тој останува пред Северна порта за да ја затвори, си одат дома си, капнат а и од умор и јадосани.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По цел ден биле на градилиште, работеле и над нормата, а веднаш по работниот ден, кој понекогаш траел и по дваесет часа, се враќале во хотелот и, од умор, немале време ниту да се навечераат. Сонот го надвладувал и гладот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
IX Винстон беше премален од умор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Толку многу се залета, иако го предупредив да не го прави тоа, та кога виде дека ништо од тоа не заврши со успех, само се плесна на креветот исцрпен од умор.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Таа го удира со босите петици да оди што побргу, бидејќи од умора или тера инает, одвреме навреме подзастанува; ја крева главата и силно се издишува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Работи кои нервираат, ама не многу кога твојот ред во банка се движи побавно од сите други; кога ќе облечеш нешто наопаку; кога било притиснато на CapsLock; што никаде не се наоѓаат женски чевли број 41, а подоцна на распродажба се останати само од тој број; кога некој интересен филм постојано го фаќаш од пола; кога помеѓу сите можни шампони во продавницата се потрошил баш твојот; кога сред презентација ќе ти откаже видео бимот; кога некому ќе му кажеш дека нешто "мора" а тој ти одговара со "се мора само едно"; кога ДВД-то сецка сред порнич; кога ќе ти избега мисла; кога очекуваш мејл а тој отишол во спам; кога детето нејќе да ти заспие а ти паѓаш од умор; кога таман си се стуткал во топлиот кревет почнува да ти се моча; кога си на глуп состанок а надвор пука сонце. кога некој постојано ти вели „ај ќе се видиме“ а тебе ти иде да речеш „е добро де, кога??“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Често му доаѓаат вакви штурости. Тоа е сѐ од умор и раздразнетост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Арсо наеднаш молкнува. Потиснат од умор тој се издолжува на штиците и заспива.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тука сме! - живна Долгиот. Арсо мижеше и врз свиените клепки му напираше белина што, како да навлегуваше во неговото капнато од умор тело.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Капнати од умор, раскинати, закрвавени луѓето се натркалаа да спијат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бербата траеше долго. Рацете на берачите им скапуваа, очите им потемнуваа како маслинките, од умор и неспиење.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)