Се предаде. И покрај тоа, ја однесоа во павилјонот наменет за агресивни пациентки, ја смирија со млаз студена вода од цревото и ѝ вшприцаа терпентин во ногата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На крајот од цревото, низ кое течеше компримираниот воздух, беше џекот, копачот, со кој работеше Јован. Инженер Јован, го завикавме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Педантеријата на моите соседи – млазот од цревото, сунѓерот и л’скањето на шофершајбните.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Болничарката прифати, само доколку договорот остане целосна тајна. Ѝ се закани со непоткупливиот показалец. – Ако некогаш се дознае за тоа, ќе те убијам!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
И во шуплината на металниот дел од цревото на правосмукалката ѕвецкаше силно, како мноштво игли.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)