Тој почна првин да го отпоздравува: потем погледа во небото и рече колку е убав денот: па го праша за домашните и неговото здравје: па за ова, па за она, па најпосле му влезе во писарската одаја и го праша вистина ли е тој толку близок со мутесарифот Абдула-бег како што зборува чаршијата, и не е лошо да знае и за него, му рече, дека церибашата Осман-ага му е брат од чичко, а дервишот пак Керим, сигурно чул за него, му е асли роден брат, од иста мајка и од ист татко, и тој сега живее во маалата на дервишите.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Се сеќавам како во градскиот автобус ги броев станиците до дома, стискајќи го кесето полно со книгите од чичко Раде.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Му велеше Калија, завјасана во везењето:
„Несреќно чедо на мајка, ами дали сакаш да ти навезам ибриче, како оние од чичко ти Марка?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Донесов одговор од чичко Талета - одговори Трајче и му го предаде писмото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Но си даваше гајрет со тоа што: ако беше сиромашко, добро — ќе си го земат домазет на малиот од чичка ѝ Трајка, според првиот план; ако е некое чорбаџиско — ќе му ја дадат таму — на добро место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)