ТЛ: Оффффф! Јас сум зависник од чоколада. Забележа синоќа, како келнерот автоматски ми донесе екстра чинија од десертот? Ја знаат мојата слабост. Дупла- доза, Тим.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
ВГ: Јапонските деца стануваат „хај“ од големи чоколадни табли сочинети само од шеќер и кофеин. Јадат по пет-шест вакви шеќерно-кофеински хај табли на концерти.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Супер! Ќе си запалиме вистински свеќички, а не електрични трепкачи на елката!“ важно извика Мими, си стави една сребрена гирланда в коси и започна да дели подароци: за дедо и баба топли пантофли, за тато вратоврска, за мама цветен шал, за Влатко и Мими - најмногу - баба Мирјана сплела џемперчиња, мама и тато одбрале интересни книги и новогодишни фигурички од чоколада.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Првото парченце од чоколадата се истопи врз јазикот на Винстон. Вкусот беше прекрасен.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И додека возам низ Беверли Хилс загледувајќи ги излозите исполнети со свет од чоколада и луѓе од пластика, Џони го изговара она што мене ми е тешко да го признаам: „Град без љубави, сумрак идеја, мозговне вијуге шетају своје псе“.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Не ме сфаќаше. Ти личев на дете што собира шарени слики од чоколада.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
ТЛ: Една од прекрасните работи во Неуроромансер е тоа прекрасно другарство меѓу Моли и Кејс. Тој ѝ пее додека таа си ги трие брадавиците а таа му зборува и му раскажува.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)