Се лула на јажето, неподнесливи се веќе болките во дланките, се колеба уште миг-два и тешко се откинува од јажето и паѓа до Едип...
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Нашата коза го прифати погледот на Сталин, започна да подигрува со опашот, сакаше да се ослободи од јажето со кое ја држевме врзана околу вратот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Арсо ги пипаше со прсти зарастените лузни на дланките, останати од јажето.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ова сигурно траеше добар дел од кривулестиот километар, по кој нè водеше Дог, низ разни патчиња и скали од јажиња.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Знаци дека тоа ќе го стори, се виделе кога Андро од некое време зафатил да прави јамки од секакви нешта што ќе му паднеле в рака: од јаже, од жица, од повит, од синџир.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)