Ако си изнуркал од длабока вода, не е кукавичлак да ги наполниш градите со воздух.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Бледото долгманесто лице му беше испокинато од длабоки бразди.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Боледувајќи по Бранка, низ носталгијата на Шумановата соната за виолини во Д-мол, Горчин се предаваше одвнатре, од најдлабоките клетки, на слатката омаеност на сетилата, дозволуваше да го голтне мемливата полноќ, во која на крајот мораше да се удави – занесен, несмирен, неспасен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Од длабокиот снег изгладнети изѕемнати и модри ги испуди нешто ветерот што го донесе.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Кога се обидов да го расчистам купот стари весници, хартии и разни дребулии од длабокиот внатрешен раб на прозорецот, на подот испадна една фотографија, извиткана од влагата што допирала однадвор: Борко, од времето кога се запознавме, веднаш по Војната.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Всушност тој глас на проклетото суштество или шпионче, кое дебне од длабоката скривница изградена во мојата утроба (во секој случај таа скривница се наоѓа таму негде, добро камуфлирана и непристапна поради недоодната мрежа од коридори) најбезобѕирно ме исмејуваше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Нејзиниот Вангел е легнат меѓу неа и Родна Караколева и нејзиниот вресок не го пробудува од длабокиот сон.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Дури ни веселото лаење на Мурџо не ќе ја разбуди од длабокиот сон.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Се свртев без збор за да не паднам во искушение да земам една од румените кифлички што се испаруваа од длабоката чинија на масата и примамливо мирисаа.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Немтурот збунето се врти кон другарот - овој собира од длабоките џебови ситен тутун и го разретчува на дланка; и не го гледа.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој секавично пресмета дека три од длабоките чинии од новиот сервис веќе се скршени.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
24
Маглата се поткрева над котлините
визијата станува стварност
стравот се обвистинува:
се наѕира клисура, амбис сур
живописна урна
серт рис се задава од сртовите
како сираче, но отмен
и дрско убав, би рекла
смртно личен
само ревот негов ни бие
право в лице
насекаде околу-наоколу
мене и тебе, синко мој
бие бијно, очебијно
а сепак кревко
небаре може да се сотре
да се изгуби место нас
со еден замав на главата
со едно затнување на устата
со еден потег на четката
со мал премаз боја
со нов слој малтер
со обично будење од длабок сон
ама будење нема,
веќе нема назад и тебе те нема
Младост моја
само необичен сон, збор и допир
само задоцнета потрага по изгубеното
може да те оживее како свет -
но литературен
како сенка на сенката
„што било, пак ќе биде“
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)