Зар заинтересираните големи сили немаат свои органи и информатори тука во Турција, пак ќе се информираат од задграничните претставници на ВМРО, и тоа во Софија, која - со право или не - се сомничи дека ги поттикнува сите востанички и други акции во Македонија?“198.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
3.
Разбирање и вера
Ти се чини како да ги разбираш
празните места во историјата
темните периоди кои страдаат
од недостаток на материјални
докази и сведоштва.
Како да го насетуваш
топлиот бран кој доаѓа
од задграничните
предели на раз-умот
кајшто расудувањето се слева
во едно
со верата.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)