Главата се откриваше од затегнатата, свежо избричена брада – тука, на просторот меѓу белата крагна и цврстата брада запрев – во адамовото јаболко, што најпрвин се искачи под голтката, а потоа повторно го чув гласот, мојот глас: - Дојдовте?
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
Во некој дел на Африка, во близина на идниот главен град на Египет, џинџестиот Жерав ги видел своите роднини, бели и горди, крај голема река. Се растажил.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Јатото веќе не било далеку, кога првиот тогашен ловец, скриен во висока трева, го видел жеравот и од затегнат лак пуштил стрела со бронзен врв.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)