Во ходникот ги дочека другиот измеќар, поправо измеќарка, младото Кате, шеснаесетгодишно девојче, ќерка на чифчијата — ковачот Стевана, кое Адем го беше прибрал кај себе, ете така, да му ја краси кулата, да ѝ прислужува на каданата и да внесува кафе ракија кога ќе му идеа гости од машки пол.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Половината од тие 400 иљади невработени се од машкиот пол, а 80 проценти од нив може сесрдно да дадат придонес во донација на таа течност за која нашата држава издвојува толку високи суми.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Тоа беше токму со најмонструозното издание од машка осуетена природа, со екстремна недоверба кон жените.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Со господинот Тихомир од Машкото друштво „Осамени срца“ Азра се запозна пред три месеци на една журка што ја организираше оваа асоцијација во бараката на синдикалната подружница во населбата Расадник.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Возбуден од глетката и со помошта на топлината од радијаторот, почуствував, прво, како да ми се крена некој капак од главата, а потоа како се намрштив, веројатно повеќе од машката мачка.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Од машкото одделение, ми вели една сестра.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Таквото одрекување е во основата на настојчивоста дека помладите геј- мажи, здрави и негибнати од хомофобија, немаат никаква потреба од машка геј- култура – и дека никако немаат никаква потреба од машка геј- култура што имплицира некаква женска идентификација или некаква женственост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Проучувањето на едно машко геј- гледиште за светот не подразбира и дека тоа треба да се проучува од машко геј- гледиште.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Способноста да изведеш таква реплика карикатуристот од сиднејскиот геј- весник ја третира како дел од машкиот геј- репертоар, типично дело од машкиот геј- театар, кое си е на место во машкото геј- општество, но непримерно за училницата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Низ мускулните ѕидови продираа неговите слатки зборови и оставаа траги во јазелот на мостот оставаа дамки на запалена цигара врз хартија или допир од машки раце Нож ли беше во темниот мрак каде двете тела разгорени се влечеа?
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)