од (предл.) - негов (прид.)

Ништо не пишеш за срештата со Паскал, дали нешто исползува од неговото запознавање. Како те прими?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го замолив да ми подаде една цигара од неговите. Инаку јас ретко запалувам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И пак: Додека луѓето во страв и ужас се криеја, по келарите од куќите и најдлабоките засолништа, од милијардите ледни погледи на сивокрилните Сили што го затемнија небото, оние малкумина меѓу нив што не најдоа засолништа и се затекоа тука, гледаа во чудото што се случуваше пред нивните широко отворени очи, зашто силна светлина бликна од Светијата над светиите и пред неа се отвори тешкиот превез од прашина што надоаѓаше од пустината, а потоа се раствори и сенката на крилестите Сили што светлината ги претвораше во пламен и пепел штом ќе ги допреше, додека нивните трипати свиени шофари паѓаа во снопот, се палеа од неговата огнена сила и се спепелуваа како и крилјата на сивокрилите летачи што ќе ѝ се најдеа на патот на чистата светлина, додека спржените ангели со ледни очи крескаа во ужас и паѓаа одгоре и допламнуваа, превртувајќи се низ воздухот како огромни пеколни факли, а светлината што бликаше од скутовите на Храмот отвораше пат, угоре, кон чистото небо, та тогаш оние од Израилот што го видоа тоа чудо на светлиот пат што ја спои утробата на Храмот со разгрнатата порта на Небото, посведочија уште едно чудо во кое, полека лебдејќи, по патот на светлината почна да се искачува арката на Заветот со Законот во неа и фати да се оддалечува и се упати кон портите Небесни и кога овие ја примија се затвори капијата на Сводот, превез од темни облаци го препокри затвореното небо, а зракот од срцето на Храмот полека почна да слабее сѐ додека наполно не згасна, та во Светињата над светитите ја немаше веќе самата Светиња во која престојуваше Зборот Божји, а за земјата немаше веќе Законот Негов, само студениот ветер на темните Сили...  Доктор Корец ги отвора очите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жената врисна оттргнувајќи се од неговата долгорака прегратка. И пак стана уште поситна, понесигурна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тој се чувствуваше како да ја познавал девојката цел живот, како да му припаѓала нему илјада години, како да била дел од неговиот живот уште пред да се роди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Скот да бидам, јас едно време и богу и пред луѓето најлудо се молев, и денеска тоа го правам, - кога му се суди на еден човек колку е тоа можно слепо да не се гледа само на еден дел од неговиот живот, за што можеби тој самиот не сноси никаква вина.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
А за нив? Ако се кандиса, колку и да е далдисан во своето сликање, таа ќе му помогне да приправат барем едно ќоше од неговата шупа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ковертот на благодарноста што ја претставуваше во одредена мера и мојата судбина веројатно се наоѓаше во сината папка што иследникот ја оставаше во фиоката од неговата десна страна додека излегував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
По смртта на нашиот брат, Паулина, Марие, Роза и јас понекогаш одевме до зградата во која тој живееше сѐ до заминувањето од Виена, и погледнувавме кон прозорците од неговиот стан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Марија се чудеше, дури и се разочаруваше од неговото однесување. Не забележуваше никакви промени.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Требаше да го победи, да го пребори, мислеше дека ќе може да го стори и тоа со оние свои вредни рачички, пред другите да го видат, а утредента сепак мораше да го однесе и него високо горе, на скелето, а од неговата тежина како да поигруваа под него широките мостови на скелињата и тој многу често се наоѓаше себеси вкопан, како глувче, во некое катче на таа височина и со секој ден неговиот ѕид почнуваше да заостанува со по неколку реда тули, од ѕидовите на оние, што ѕидаа од обете негови страни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Односите со поп Спиро од неговото Полчиште не беа баш толку добри, бидејќи тој секогаш кога служеше во манастирот бараше од дедот Сталета да му плати цела бела меџудија, а врз тоа парите од молитви, крштења, пеанини и друта свештени работи не ги оставаше попот на манастирскиот диск, ами си ги прибираше во својот џеб, та дури и литургиите што ги носеа селаните за нафора си ги клаваше во торбата и им ги носеше дома, на попадијата и дечињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Турците можеби уште сега ќе кренеа раце од неговиот мајсторлак, да не беа пишаните книги со задужбини.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Само, видете, Кери Грант не можеше да биде убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ништо од сето тоа не барав. Не можејќи да си ја објаснам желбата, очекував да го видам гривестиот белец и да му се доближам, со дланки да ја избришам крвта од неговите светкави влакна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За волја на вистината, Александар од кога знаеше за Бојана, на работа носеше фармерки, можеби за нијанса поскапи од неговите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Беа многу поприродни и повистинити од него сите тие дивинки, што прошмугуваа затрчани недалеку од неговата бука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Исто така, тој им нагласува и дека ако не му биде одговорено на барањето, ќе мора решението на проблемот да го бара по судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ваквиот револт, како магија за привремено онеспособување, ја симнува накратко футролата од ножот на напасникот, и тогаш сите ослепуваат од неговиот одблесок.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во основа способноста за рефлексија е да бидеш свесен дека си свесен, односно да знаеш дека знаеш.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како ме опсипуваше со внимание, посесивните моменти и стресот од неговата желба да се поседува живо суштество како да е предмет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Најпосле, меѓу своите братучеди и чичковци ни Претседателот не можеше да изнајде погоден човек за тоа место, а беше добро и заради светот еден од бригадирите да не биде од неговата порода, тоа Претседателот го знаеше многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во мислите, оваа ноќ, сеќавањата на миговите од неговиот живот му беа зачувани како живи, како вакуумирани во некој вонвременски простор или длабоко смрзнати од студенилото на зимата, а годините што ги минал во тој живот беа исчезнале без траг.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Доколку сакаш. Орлен Шумков со недоверба го гледал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја набљудуваше крупната, а сепак елегантна фигура како шета горе-долу, како влегува и излегува од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Овде, без сомневање, ако треба да се расплеткаат сложените односи во кои беа заплеткани Duchamp и неговото семејство, клучниот настан од биографијата не би била, како што произволно тврдат многумина од неговите биографи, неговата вљубеност во сестрата Suzanne, туку тоа што токму во моментот кога ја започнуваше каријерата, кога и самиот беше на пат да стане сликар, го оневозможија неговите сопствени браќа, кои беа, ако смеам да ја направам таа грда игра со зборови, негови апрови (SES PAIRS); тие свечено дојдоа како гласници, со црни одела и вратоврски и му ставија на знаење дека треба да ја повлече својата слика Акт што се симнува по скали.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Не стоеше токму среде патот ама пак на патот, како автостопер - со копитата во банкината, со напнати гради и брадиче напрчено како кренат палец, и со наназад свиткани рогови небаре козите се бранеле од неговата љубовничка напаст.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Црковниот старешина пробил со глава терцијарен слој да им раскажува народни библиички, нека го, немало зошто да се подбиваат со него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се потев во Плодот, станував дел од неговата нераскинлива целост.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Во тие точки на разлеана пепел по страниците, од некогашните занесни читања и заборавно сеење на пепелта од пушените цигари врз хартијата, можеше да се наслутат и трагите на неговото верување во повеќекратниот идентитет кој Балканците фатално го носат во себе, но којшто упорно го одрекуваат една или повеќе од неговите компоненти за да дојдат во конфликт првин со себеси, па потем и со другите...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пелагија не ја послуша веднаш мајка Перса, на работа продолжи да оди како и порано, со ветвата шамија во која го криеше лицето, а и со излитените пантолони на Димостена, со чувство на вина што не ги оставила со другите пљачки кога заминуваше од неговото одајче.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Татко ми беше трпелив во разговорите со козарот, не сакаше да повреди ниту атом од неговата голема душа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој никогаш не губеше време за релативизирање или пак за рушење на холивудските митови (во митологијата на американскиот филм, не постои вредност која не е успешно пародирана), и од неговите изјави, и уште попрво, од неговиот однос кон протагонистите, можеме да го видиме респектот кон холивудската традиција, особено кон системот на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ликот на таткото, најавен (заедно со библиотеката) како клучен лик и во претходните книги на Старова, е еден посебен тип на чудак, речиси алхемичар, кој верува дека сите книги од неговата библиотека, ако се прочитаат според една и само една точна синтакса, го кријат клучот на балканското историско проклетство, во кое егзилот е неодминлива судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега знам дека нам само ни се причинува оти човекот е силна ѕверка што си ја носи како богат улов судбината во своите заби.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Внатрешното јас во ќелијата е прогонувано од откинатите конкретизирани делчиња на сопственото јас или од неговите фантоми коишто се оттргнале од негова контрола. okno.mk | Margina #22 [1995] 43
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
-Еј, човече, полека, не брзај! -Ако тој не ти ја наплати царината, тоа е многу повеќе од неговите мали џепчиња. -Ама џепчиња!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само орманот за облека беше празен, и од неговата и од станарот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Всушност, каде да се намине во градот, човек среќава акчии и малебиџии; без нив не може да живее овој град, зашто се и една од неговите специфичности.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мирисот веќе ја исполнуваше собата, богат топол мирис, кој му се чинеше како испарување што доаѓа од неговото рано детство, но, со кој повремено се среќаваше и сега, додека се ослободуваше таинствено во некоја улица полна со луѓе, почувствуван за миг и повторно загубен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така е, мој Камилски, смислата да го проучуваме духот на јаничарзмот на Балканот е како да ги спасиме нашите деца од неговите последици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа околу Отец Симеон пулсираше сѐ со мака, сѐ се движеше чудовишно и без логика, сѐ беше управувано од неговиот мозок.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Од него, од неговиот јазик живееме и денес.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Јакове, рекло едно од неговите деца што се собирале околу него. - Стасај ги, исколи ги.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Козарот тогаш се сети на старите легенди од неговиот крај посветени на козите. Споредуваше, откриваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се свртел ненадејно и се сопнал на едно од осумте деца на вујкото, го превртел, го оставил да лежи крај неколкуте празни стомни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој не можеше никогаш да го замисли вистинското завршување на оваа голема книга без Мајкините директни записи од животот, од спасувањето на семејство, од неговото провлекување низ урнатините на империите за кои Татко пишуваше големи поглавја, за нивната величина, но и за нивните падови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Пристигнувајќи дома, откако ја облече својата домашна бањарка во која велеше дека се чувствувал како Стравински, (ма, сигурно ќе се отарасеше и од неа, само да станеше шофер) го вклучи телевизорот за да ги чуе најновите дневно- политички теми, кое беше еден од неговите омилени ритуали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Ѕверски се тргнав од неговата тромава прегратка, скокнав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во неговите песни извираше и се разлеваше гнев, закана и верба на луѓето од неговата земја, оставена далеку зад морето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Таа се користеше од неговата благонаклоност, живееше кај него, јадеше, пиеше издебело — што се вели, а сосем малку работеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да не ме избрка од неговата територија, од неговиот усмрден, голем, а всушност ситен, паланечки свет?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ќе мора прво да го испровоцира Томо да ѝ открие некоја од неговите авантури.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога се свртив добро да го видам, лицето му беше стиснато и бледникавоста од неговата душевна напнатост, избиваше од под подгорената кожа од сонцето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тоа би значело да наседнеме на онаа иста разлика зададена од неговите идеолози: разликата која ги исклучува сите посредувања, помеѓу автентичната и дегенерираната култура.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зборувајќи за wie man dem toten Hasen die Bilder erklart (Како да се објасни слика на мртов зајак, 1965), Бојс кажал дека повеќе сака да му зборува на мртов зајак поради тоа што публиката според него не е доволно жива и не го сфаќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Свеченоста на морето И кој ќе наминеше тука ги допираше урнатините од црквичката меѓу кои сѐ уште светкаа честички од неговите молитви.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можејќи да го занемарат тој факт, Амбасадата во Атина сугерирала дека било многу тешко да се изврши "трансферот на македонските Словени".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дури и денес, кога веќе се затвори и книгата на неговиот живот, кога на сѐ му дојде крајот, можам да потврдам оти ниту една од неговите прелаги, а и да не ги спомнувам неделата, животот не втаса или не сакаше да ги осуди.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Си замина и брезата од неговиот двор. Се исуши.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Историјата бездруго познава такви табиети од најстарите времиња до денес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Толку се засркна што во еден момент си ја кладе и дланката на устата, но и покрај оваа мерка на претпазливост од неговата исушена дланка како да се измолкнаа крупни парченца смеа и се истураа по килимот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ ќе чуеш... Многупати човечката фантазија е поголема од неговата болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ЛУКОВ: Секој ден од неговиот живот е од непоправлива штета за нашиот народ.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мојата уста е затворена од неговата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не сака повеќе да живее и подготвена е да умре од неговите раце.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не се веднеа да му подадат рака и да го смират, се потргаа од неговото грчење и чекаа: ќе се исцимоли, ќе каже како ја запалил лесновската куќа. Го жалев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој му го соблекол шијачното палто и му го преврзал рамото со ракавот, скинат од неговата кошула.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И видение јасно, светлина силна во умот ми се јави, па се состави мозаикот: ми стана јасно од какви причини го немало Лествичникот на закопот од неговиот татко, и разбрав дека отсуствувал шеесет дни и шеесет ноќи, токму колку што треба за да се потроши под нозете патот до Дамаск и назад, ми стана јасно дека го украл клучот од западната одаја, од рубата на неговиот татко пред овој да се упокои; и дека златниот клуч е умножение, дело на рацете на Амореецот; ми стана јасно дека Лествичникот, откако направил умножение на клучот, го вратил изворниот клуч во одајата на неговиот упокоен татко, и дека од тагата по таткото овој се лишил, само за клуч-близнак од одајата кобна да поседува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сите оние грди мисли што му се роеја во главата додека скиташе по стопанството и она што сѐ сакаше да ѝ кажува едноставно испари од неговата глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еден човек од еден народ што нема писменост може да ја научи азбуката од еден народ покултурен од неговиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прекрасните свилести крилја на Вујко Ејнар висеа зад него како зелени едра и шушкаа и шепотеа од неговите рамења, секогаш кога ќе кивнеше или кога ненадејно се свртуваше.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Реката што слегува од планината, врви кај патот, се лиже од неговите ѕидани потпори, а потоа под селото, го напушта и оди слободно низ полето, се витка како јагула и се пика во езерото.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да благодари што тие зборови беа последните од неговата беседа, та не се разбра во публиката никаква забуна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Подзамижувам за да можам да му се приближам на гласот на Борко кој се обидува да ми дорасветли некои посебни детали од неговите љубовни доживувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веднаш потоа тој го извади приборот за сечење нокти од неговата розова чантичка, ѝ ги извади очите со малата турпиичка и се упати кон најгустиот дел од шумата, со надеж дека ќе се изгуби и никој повеќе нема да го најде.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сѐ беше добро, немаше болка и последниот детаљ од неговиот живот беше разголен, разбран, простен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Монахот од ден на ден ни ги соопштува своите сведоштва, придружувани со пораката дека не треба да ја исклучуваме и опомената, како значаен укажувачки сигнал од неговите записи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Некаде приквечер, кога капавиците од неговата стреа сосема секнаа, тој ја напушти таа празна работа и се тргна од прозорецот, изморен од напрегнувањата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само разнобојното цветје го чуваше стариот ред и спокој. Гордоста на Раиз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но притоа бараме и ќе бараме од Неговото правителство цел ред реформи, кои ќе ни ги сочуваат најглавните интереси на нашето национално и културно развивање.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Му се обрати со бате, а зборот сестро никако да излезе од неговата уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Со бесна вчудоневиденост тој заклучува дека учените луѓе од неговото време престануваат да се интересираат за непроменливите вредности, за целиот свој талент и углед да ги стават во служба на локалниот дух, да го поттикнат она што е ексклузивно, да ја ободрат својата нација да се затвори самата во себе, самата на себеси да си се поклони, и со „својот јазик, уметност, филозофија, цивилизација, со својата ‘култура’, да се постави наспроти сите други“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Не виде ниту една мома или момче да се повисоки од неговото рамо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Стоев десно од неговото биро; гледав кон листот, но свеста ми се виеше; светкавици ми излегуваа пред очи и мислев дека ќе се онесвестам секој миг.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Парољуб Шврчковски извади една од неговите дебели пури и ја пушеше така страсно ко Северина на бродот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ина и Светлана им покажале што знаат од партерната гимнастика; еден стар човек, сегашниот нивни аѓутант, некогашен славен трапезист во циркусот, а тогашен чистач и продавач на сладоледи, се заинтересирал за нив и ги зел кај себе во приколката; ги хранел од неговата порција, а спиеле во неговиот кревет; тој спиел под ведро небо.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја немаше бојата на ѕивт темната ноќ, или барем така него му се причинуваше. Таа е предалеку од неговиот видокруг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Чувствуваше ли каење? Не, без сомнение, бидејќи ниту една црта од неговото лице не се мрдна. Тој стоеше како закован на место.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но разумот, еден во некој од тројцата по облик исти Онисифоровци, се усвитувал да сфати што се случувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
За среќа, Наташа не ја забележа раничката на бутината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Станав, земјата беше студена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стегнати, собрани, тие ќе внесеа трепет и недоумица кај соговорникот, да не беше рибјиот поглед под нив, влажен и мирен, кој праќаше јасни пораки дека од неговата замајаност може да го истрга само некој силен страв, болка или страст.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но каде да го лоцираме овој концепт? Не, според Сосир, во пишаното.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од неговата желност да се трча по сѐ што лета, што бега, што тече и што не може да се задржи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И додека таа безуспешно се бранеше и испушташе грлени гласови, тој со сета сила навалуваше на неа, завраќајќи ѝ го фустанот што таа го туркаше со рацете надолу, ја труцкаше, а во тоа имаше и бес и освета за сето она што таа му го чинеше од неговото доаѓање во Пансионот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Секаде”, му велеше, „само не повеќе тука. Оваа средина не е пријателска кон нас”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ах, тој молив, човек во човека, со кој единствено ги споделував магиите и тајните за песната и кој бележејќи ја песната - сѐ повеќе ме подмладуваше, сѐ дури и од неговата лична судбина не осознав дека никогаш иднината не треба да ја поврзуваш со себеси.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Неколку гости во една кафеана се засркнаа, згадени од неговата постапка, па Ц задоволен од исходот тргна кон својата куќа планирајќи го новото утрешно заљубување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега таму живееше некој човек во униформа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Работникот Б. Н. (сега 30-годишен) живее во мало гратче од Источна Македонија, а е вработен во Министерството за внатрешни работи на РМ – Гранична полиција, на локација која се наоѓа над 100 километри од неговото место на живеење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој не се задоволуваше само од основната информација во енциклопедискиот речник на Емил Литре, чии шест големи тома ги донесе од Париз, дека јаничарот бил војник на турската пешадија кој му служел на Големиот Господар, а јаничарската војска, создадена според едни од Орхан во 1330 година, а според други, од неговиот син Мурат I во 1362 година и во неа биле регрутирани христијански заробеници, била уништена од султанот Махмут II во 1826 година, туку посебно инисистираше да се внимава на дополнителното фигуративно значење, кое го претстави авторитетно на својот негуван француски јазик: Il se dit (des janissaires), en mauvaise part, des satellites d` une autirit quelconque!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додека за тој мустаќест пријател, до мене стасаа парченца од неговите мисли.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оние кои не го почитуваа, а беа многу повеќе, пуштија гласини дека влакната од неговиот нос биле подолги од срамните влакна на Ирис и брадата на нејзиниот сопруг.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
И така само израснуваше тоа во него, грижливо криено и придушувано од неговите рачички, што беа вредни, но веќе и премногу обрастени и заплеткани во коровот на тоа проклетство; се вкоренуваше тоа темелно во него низ сончевите денови на едно цело лето; деновите остануваа лилави и без никаква виделина за ова старче високо на скелињата горе, дури не стаса и до соништата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој се сети како еднаш по - експлозија на една ракетна бомба, помагаше да се извлече еден труп од урнатините, и како беше вчудовиден не само од неговата неверојатна тежина, туку и од тоа колку е вкочанет и незгоден за носење, поради што наликуваше повеќе на камен отколку на месо.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, тупаницата на отец Стефан Писмородецот биеше безмилосно ако јас читав со поинакви очи од неговите; еднаш прашав дали можеби Јов греши затоа што е безгрешен, и дали можеби Бог во таа книга е премногу суров, оти иако му ги враќа имотот и добитокот, и децата што претходно по ѓаволов наговор му ги зел – тоа не е истиот имот, не е истиот добиток, и што е најскрбно и за мене најнесфатливо – тоа не се истите чеда што му ги зел; прашав и добив тупаница не по крстот, ами по носот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По малку беше застрашувачки тоа што од потокот звуци што се истураа од неговата уста, беше речиси невозможно да се разбере ниту еден збор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја жулкаше рачката како да ги жулка отисоците од рацете оставени од неговите изумрени, како да ги допира самите нив, нивната душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Дики: Тоа е лага, Курто! Тоа не сум јас!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А поминатата ноќ можеше да биде само онаа нишка, околу која, како во процесот на кристализирањето, се собираше сѐ за тие луѓе, кои тој сега ги гледаше од сите страни и во сите времиња и сега веќе горчливо си се потсмеваше себе си, кога ќе помислеше на својата самота, онака папсан од смеењето и испразнет од неговата експлозија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помогнаха ми секаде молитви свјатаго Василиа што беше ме даровал от неговите добри работи и ме искупи от горкии и страшнии баждарници дјаволски.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Од неговите очи не гледаше веќе бик туку покорен и итар пес.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите со олеснување се ослободуваа од неговиот култ, од стравот од неговата подвижна сенка.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одеше до една бука преку потокот и, потонат во снегот до стомакот, го бодеше дрвото со роговите, се чешаше од неговата рапава кора.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Селаните и песна му испеаја на Лумана, песна во која никаде не се спомнува дедо геро војводата ниту пак некој од неговите комити.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Плашејќи се секогаш од радикални решенија со смекната душа од селидбите, од ударите на судбината, тој сега гледаше дека децата се ослободени од неговите фрустрации, но го плашеше тоа да не предизвика спротивен ефект во новата средина, па да се урне неговата морална тврдина.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислам оти згрешив кога не се нафатив да ги разгонам овие облаци од неговата глава бидејќи токму таквите темни тревоги го поттикнаа она што наскоро се случи со него.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
2 На ова синдикатот воопшто не реагираше, па дури не ни свикува состанок, и покрај редовните повици од неговите членови.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Дворот се начичка добро до народот и од неговата таговна вика. (Сите пак, не ги ни собра.) Сред плачот се стегаше народот надвор и благо секој на мртвото тело Кузманово сакаше да му се доближи: да го бакне неговото чело.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Невестата Митра кладе борина на светелникот, задоволна од неговиот одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Чекорите одминуваат, одат по некој друг, добро што не го запре овој вруток од пријатни мисли: „Во училиштето за сиромашни еврејски деца, учениците изучуваат четири јазици: хебрејски, грчки, француски и шпански.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Впрочем, најзначајните одговори на клучните мисли и прашања од неговиот живот сигурно се криеја во неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но за момент тој не гледаше во нејзиното тело; очите му беа заробени од пегавото лице и од неговата малечка, смела насмевка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се истури во смеа садриазамот а заедно со него и сите од неговата придружба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својата голема одаја со чифит-ѕидови испрскани со златни капки (ѕвезди или дукати, стремеж кон пророковото стојбиште или бројки колку е издадено од неговата азна за издржување на медресата) не можел да ги преброи во сарајот ни атовите ни сеизите, ги штракал бројаниците над разгорен мангал и го чекал езанот на оџите да му се заблагодари на пророкот за сите добра на овој свет, потоа нагрнат со ќурк и со невидливи гавази зад себе стоел пред нејаките пупки на разбудените каранфили или замислено ја слушал опивната тага на чалгиите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но не со намера да го укорам заради непристојното и по малку загадочно однесување во оној дел од неговата приказна што се однесуваше на спомнатиот волшебно розов облак, туку за начинот на кој настојувал да се изземе себеси од секое можно сомневање па дури и од недоразбирањата што би можеле да се појават во врска со нив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Змиулчето му јадеше од рака, го следеше во прошетките низ шумата, дремејќи во џебот од неговата избледена, но сè уште топла бунда или (кога сонцето ќе ја размрдаше) ползејќи по него.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Таа единствена реченица, веројатно единствена и во вистинската смисла, излезена од неговото перо, беше достаточна да му придаде во моите очи на својот автор ореол на мислител.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не можеа да му објаснат и пиеја претпазливо збунети од неговата неизгаслива жед.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тој сакаше да го прегрне човечецот со долги и немирни прсти(овој пак се обидуваше да не дојде под обрачот на големите раце) и раскажуваше за природата и за гасениците најмногу за некој Чарли Краков, или за призрак на опачината на неговата потсвест, на нешто што е натсвест и живее вон од него, вон од неговата матна мисла, нешто на што зборовите и му го градат и му го одземаат обликот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас сиот радосен ќе зафатев да бегам како божем да се плашам од неговите рогови.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Го привлекуваше шумата. Тоа беа последните денови од неговиот престој во планината.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таквата тенденција претставува една политичко-економска операција под закрилата на медицинската пракса.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Денес го замолив Превер само малку да ме одмени или да украдам барем од неговиот гениј Но зборот кој плени не доаѓа лесно Заглавен в челуста на мојот ѕвер Не излегува низ грлово тесно А јас кутриот волонтер Несреќен ко осамен солитер Прогонет ко декадентен Бодлер Корисно сакав да направам нешто...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Во оваа статија јас ќе се потрудам да одговорам на тие и на многу други слични прашања и со тоа, според мојата сила, да ги разјаснам научните основи на националниот сепаратизам, како и да покажам на неправилноста на тие приговори што се поставуваат од неговите противници, коишто со тоа сакаат да го компромитираат него како нешто вештачко.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А што сѐ превиде тоа ковчеџе откако пред многу години го купи и му стана составен дел од неговиот живот; се фрлаше во разни превозни средства завиткано во вреќа за да не се гледа, да се заштити или да се носи полесно кога одеше пеш или кога му го даваше некому да го носи; не ретко му служеше да ги потпира на него плеќите или главата на разните железнички или автобуски станици чекајќи воз или автобус за некаде; да седи на него како на столче на палубите од бродовите во долгите деноноќни пловења; да го товари на коњи, магариња и камили по патиштата каде што само тие можеа да одат, да се изложува на ризик, да си го става на коцка животот поради неговата привлечност и будење љубопитност кај разните луѓе што го придружуваа или со кои доаѓаше во допир; да го продава кога ќе немаше пари и пак да не го продаде за да не се одвои од него; да му ги менува или крши катинарчињата кога ќе ги изгубеше клучињата, да го чисти и дотерува кога ќе се наводенеше од дожд и снег, да му го повраќа сјајот, убавината; да им го остава понекогаш на газдите како залог додека дојде до пари за да им ја плати станарината; тој му беше единствен сведок, придружник и другар во патувањата носејќи налепници од разни места и хотели.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го гледаше како доаѓа сѐ поблиску, можеше да го гледа појасно од секогаш тоа ветерничаво суштество, во секој миг спремно да ја впие својата остра муцка во првата мрша, што ќе му се сретне на патот и да остане така, вкопан, како пијавица, како крлеж, ако сакаш скини му сѐ друго од неговото тело, ако сакаш преполови го, истури му ја сета негова утроба, само ако си му ја оставил цела онаа негова шилеста муцка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Погледот ми се губи во трагите од неговите години...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Времетраење на дејството: помеѓу два или три часа додека се достигне кулминацијата, ефектите обично траат до 12 часа во зависност од неговата чистотија. Законски статус: Класа А. 134 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Остана сосем сам, милји оддалечен од неговиот искрен и лојален пријател за кого мислеше дека во последно време беше единствениот способен за здраворазумен дијалог.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Не Достоевски, туку ликот од неговиот роман Зли духови, Пјотор Верковенски вели : „Овде, мил мој, стигнува нова религија која ќе ја замени старата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И тогаш тој лизна од нејзината крв, што ѝ се покажа на раката, таа лизна од неговата. И со телото и со душата станаа едно.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кој е за бегање — патот му е прав — нека си оди со здравје, — го заврши Ѓорче својот краток, но пламен говор сред дабовата корија и порача на еден од неговите четници да му подаде вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, залудно беше, не можеше да се сети: ништо не беше останало од неговото детство, освен една серија од силно осветлени таблоа, што се појавуваа без заднина и беа речиси неразбирливи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред очите му прпелка сив гулаб кренат во рацете на свештеникот на Храмот и подготвен за жртвување, потоа пред очите му се појавува и самиот жртвеник на кој се принесуваат крвните дарови кон Бога од жртвените животни од кралот, од свештениците, од великодојстојниците и од бројниот народ кој во оваа камена градба виде исполнување на молитвите на генерациите од неговите излачени претходници, виде дом на Бога чиешто место на постоење го селеше со себе во своите долги номадски талкања по широките простори од Африка до Блискиот Исток, и конечно на канаанската земја и таму виде и дом за себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во овој наш век нема ништо полековито од времето, од неговото минување, чиј што тек, со една прекрасна точност, длаби корито за секого од нас.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
НЕДА: Не... Не... Не... Не, мили. (Отпрвин таа се противи, се обидува да се ослободи од неговата челична стега, да се откине од неговиот здив, но не успева.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Штира излезе“, викна повторно Џорџ. „Гуд фор натинг“. Сетив како зад мене куќата се затресува од неговиот глас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Умрел ли туѓинецот во тој Онисифор Мечкојад, испарило ли од неговата крв сеништето со дамари на неспокојство и поттикнувач на бес и самоволност? Не, можеби тој нешто смислувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вџашена од неговата тајна што бавно ми се постила в очи му се радувам на летото што мирува над просторот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Марија не успеваше да се одбрани од неговите бакнежи... ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко таму можеше да смета на вработување како судски вештак за шумски деликти, што беше една од неговите правнички специјалности.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Курто: Не ме дркај! Чичко Ѓоко те гледал од неговиот стан со двоглед!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во врска со сето ова, како податок лично за себе, ќе кажам дека меѓу моите текстови има малку такви што се врзуваат во метафорика, и воопшто по изразните својства, со македонската народна поезија. т.е. што се пишувани , по обичното велење, во духот на народната поезија“, вели поетот Блаже Конески, соопштувајќи ни одредени посебности од неговиот поетски опит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не беше пресреќна ни со тие понуди, зашто сакаше да се вратат онаму кајшто припаѓаат, во Галиција, во Полска, во Германија или во Австрија, а им се случуваше спротивното: како семејство сѐ подлабоко навлегуваа во Ориентот, кој – си мислеше Гита Корец во бессоните солунски ноќи - него можеби го влечеше поради традициите што му се допаѓаа на салонскиот ционист во него, но и на сѐ повидливиот, автократски дел од неговата личност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Ми даде бонбонче! - вели Билјана. - Ти дал? Убаво од негова страна. Но што е тука чудно?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Знаеше секој израз од неговото лице, секоја сенка во неговите црти, имаше еден постојан впечаток дека го гледа пред себе тоа лице, а додека ги изнаоѓаше неговите зборови, на Змејко му се причинуваше дека тој го зел на себе дури и омјазот на оној старец.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Како што умирале јунаците од неговите книги.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И веднаш, не испуштајќи го чадот од душникот (сеедно со секој збор модринкавата танка магла бликаше од неговата уста со усни без грч и видливи промени за да се процени внатрешната состојба), продолжуваше бавно, со ѕвонлив, младешки глас; не е преисправен во столот а грбот муе ерамен во неговата предолга неподвижност на рамениците можеш да му ставиш полни чинии без страв дека течноста од нив ќе се истури.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
152. Ваквите становишта на Мисирков по овие прашања се обработувани или засегнувани во повеќе трудови, почнувајќи од неговото предавање за Марко пред студентите во С.Петербург и неговата дипломска работа /1902/, па сѐ до неговите последни статии во софиските македонски и бугарски весници /1923-1925/.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Шефот Џемал- ага, е задоволен од неговата штедрост. На чај го кани.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Напиша дека еден од неговите планови се темели на поклопувањето на звуковите: „Ако сакате граматичко правило: глаголот по својот звук се совпаѓа со субјектот: на пример, Le negre aigrit, les negresses aigrissent ou maigrissent, итн.“
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тогаш мислев дека еднаш веќе сум минувал по таа дива земја со некакви бели и лилави жиличиња што лазат со испреплетување меѓу камења и суви базја и се хранат со сѐ што ќе се допре до нив, тогаш така мислев или можеби мислев дека еднаш ќе минам по таа врвица што ја започнувам со стежната стапалка, но сеедно - веќе бев на грпката на ридот што се спушташе кон нејак поток и видов во далечина на некоја планина расфрлени куќи, не поголеми од тупаница, и видов зад потокот дабов забел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но му дојдеше ли писмо од дома или од неговата саканица Царјанка, му јавија ли дека има свадба в село, ум немаше во главата; како зашеметен, како споулавен шеташе низ касарната; ниту му се јадеше, ниту го редеше на ум она што му го зборуваа на вежбите.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Постелата му мириса на излачениот страв.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да е видел господ син мајка да удави, дали се чуло и видело некаде! — писнаа и двете жени и одвај се искуба мајка му од неговите раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите подоцнежни злосторства против Партијата, сите измами, чинови на саботажа, ереси, девијации, произлегуваа директно од неговото учење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имено, стравот е тема што ги окупира хероите на Набоков во многу од неговите творби, било да се тоа романи, раскази или драми. (...)
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На градите од неговата униформа одвреме навреме капнуваше по малку крв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А јас ја продолжив мојата мисија на отворање на нови врати, рефрен наследен уште од моето детство, што се пренесуваше и во моите книги... А kapi...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Декарт во делото издадено 1637 - „Расправа за методот“, објаснува како неговата убеденост во реалното постоење на рес когитанс (супстанција која мисли) произлегува од неговата потрага за солидна основа на познанието, во која што потрага тој ги става под „лупа“ со методот на сомневање сите негови дотогашни сфаќања и знаења. Маргина 37 41
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се плаши од неговите зборови, се плаши да не не може да го запре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Компликациите се од негова страна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Винстон не се осмели да ја заврти главата ни за милиметар, но нејзиното помодрено лице повремено се појавуваше на крајот од неговото видно поле.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Којзнае, Германците ќе го вратеа на старата положба, да не се заангажираше самиот тој преку грчките претставници на власта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За Камилски зборот филан и цитатот на Андре Мазон, најден како француски војник на Источната Армија во Корча, извлечен од неговите балкански документи, односно неговата книга Contes slaves de la Macedoine sud occidentale (Словенски приказни од југгозападна Македонија), објавена 1923 година во Париз, ќе бидат од посебно значење и тој на одделен потсетник запиша за да му го изложи на Татко како посебно ова прашање при скорешната средба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Сознанијата од внатрешни можат да се резимираат само во еден исказ: не се забележани, од негова страна, противнародни дејанија - одговори другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Вујко им, кој имаше фотографски дуќан во Солун, и тој пргав и агилен каков што беше, отсекогаш гледаше подалеку од сите нив и од неговото сопствено, и од останатото семејство на жена му.  Вечерта откако децата отпатуваа, Моше и Нина не можеа да заспијат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Излегува од неговиот стан и пали цигара.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
А идниот пат кога влегував, имав впечаток дека истата фијока е отворена и дека секој момент оттаму ќе ја извлече истата папка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ворхол создаде особена митологија собирајќи ги претставниците на њујоршката алтернативна сцена под еден кров.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Својот интелектуален содружник, Климент Камилски, овој Татко го наоѓа сосема случајно, во една партија покер (прекрасна метафора за балканските односи), и во него наоѓа силна потпора за својот животен, метафизички проект: да се изработи историја на падот на империите на Балканот, а причините да се најдат во јазичните супстанции.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа оној изнуден и чуден предлог или барање од неговиот некогашен пријател Јаким во врска со белезицата (во истиот оној понеделник што се трудат да му го забошотат); божем најдобро ќе било тој да го заборавел случајот бидејќи станувало збор за скапоценост на мајка ѝ на неговата секретарка Ботка а не на Баручиеви.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не ѝ се веруваше дека го пропуштила најважниот дел од неговиот говор – дека решил да се жени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Татко ми во мигот ништо не рече, но неговиот поглед што спокојно зрачеше од неговите сини очи и овој пат нѐ смируваше, макар што смртта веќе тропаше на вратите од куќите во Козар маало.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еден дел од неговото лице ми заприлега на Горачинов.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Така ли е, имало нешто?“ „Имало.“ „Што?“ Отец Симеон се обиде да се ослободи од неговата клешта.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но поплавата од музика постепено ги растера сите шпекулации од неговата глава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега сфатив оти мажите имаат муцки на најосетливи кучиња; и тие како и загарите знаат да откријат секоја трага, се разбира кога е во прашање месото на лесна жена".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вратичката од жица беше само една или две педи од неговото лице.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Рече така шифрантот Иваз, чувствувајќи мала победа оти на амбасадорот му укажал на крупна грешка, од неговиот агол на гледање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Рабле сакаше да го пренесе говорниот јазик во пишаниот јазик: пораз.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се тргал, сакал да му се врати на својот свет што го измислувал, сакал да гледа како по усвитени карпи се лизгаат грешни души, со крици на врани паѓаат во густо и вжештено море и ѕурат со усвитени клобуци кон своето блажевито минато.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак ме удри со колено по колено. „Не преправај се. Ти ја донесе онаа, малата со цицки на леунка.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другиот мачор навистина брзо избрка еден глушец од неговото скривалиште, но кога Мацко го виде како трча кон него, почна да бега.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
„Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - ревеше Јаков Иконописец, го слушав со затворени очи и знаев дека ќе се случи она што часкум го сонив, Калпак и неговиот булук ќе се стрчнат, се стрчнуваа веќе и го носеа на раце или го влечеа со пцости кон габер или кон врба до раб на оризишта фатени од огради на ископана земја, еден врзуваше јазол за јамка на јаже, друг на побелениот Проказник со секира му стоеше на пат не пуштајќи го да го брани малоумниот злодеј од кого очекуваа да се почувствува возвишен пред умирање и да признае дека палел, дека убил вол со тризабец, дека светците од неговите икони ќе му ги простат гревовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другарите молчеа потиснати од неговата тажна приказна.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сиот мебел и оружјето во кое имаше седеф беа отстранети од неговите соби.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Топлотните бранови ми се тркалаат по главата. Во тоалетот среќавам еден пријател, син на некој познат глумец и поделуваме делчиња од неговиот спид.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Биснис е бизнис, имаше обичај да каже, една максима од неговата филозофија на живот, прифатена во Мелбурн.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но ако Јосиф си беше папуџија на глас поради себе, сега и ибн Бајко се откачи од неговиот ченгел и наместо сиромашец, за ќајата Неби-ага почна да личи на прејаден гостин: ем ти е смачено од него, ем не го бркаш за да не се помести и да ти ја изблуе софрата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неговото око имаше сјај, но не се погодуваше веднаш, дали е тоа сјајот од нападната кивавица, или од неговата следна намера, која тој ја беше испланирал најверојатно уште при своето доаѓање, а сега очекуваше да ја изведе како вистинска претстава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Од неговата земја, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што можел да стори Онисифор Проказник - да побара од непознатите осуммина да се тргнат од патот за да помине дружината со двоколките или да заповеда веднаш да се пука?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не се бранеше, Проказниковите обвинувања не му ја засегаа душата, но бездруго му студеше или се срамеше од извалканоста на своите гаќи околу кој се мавташе долг учкур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мора да се потенцира дека претходно Митревски случајот го пријави и во Трудовата инспекција, но и оттаму никогаш не му е дадена информација за тоа дали е направена контрола во установата и што е исходот од неговата пријава.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека спиел од неговата уста излетала жолта пеперуга.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не му одговарав ништо, а тој сам коментираше, највулгарно; на пример, ме праша дали би ја заменил ученичката Луција со една коза, оти тој би можел да ми најде коза од неговото село, кога веќе мислам дека козите се толку сексапилни.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој човек може да ја употребува туѓата азбука и за гласови од неговиот јазик или да ги изложи своите мисли со помошта на туѓа азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Гарванов само промрмори колку да каже нешто: — Секој си е сајбија на својата глава, Ѓорче!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Поради братовото влијание, кој беше на високи позиции во здравството во Републиката и во Федерацијата, прво како министер, а потоа и претседател на Собранието на Македонија, од неговите колеги беше формиран и посебен медицински конзилиум кој требаше да направи сѐ Мајка да се спаси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Целото придвижување на денешната психијатрија, епитемизирано во DSM-III прирачникот кој е преведен на осумнаесет светски јазици, е во тоа што таа ширум светот го пропагира лишувањето на човекот од неговите цивилни слободи, од неговиот хабеас корпус; плус насилна хемикализација, заточување на луѓето, примена на електрошокови и мачења што не предизвикуваат телесни повреди, а сето тоа со цел да се хомогенизираат луѓето што не се наоѓаат „на линија“. 60 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Крвта зовре во сите девет души. Се наведе стариот и му стори грб на еден од неговите другари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
5. Витолишкиот мудур Арсланбеј седеше еден поручек во својата одаја, два три дена пред Илинден, наднесен над едно писмо и ѕуреше во него преку очилата, очигледно замајан од неговата содржина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Полупријатното чувство исчезна од неговото медитирање.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со нагласени големи букви се изнесува и еден податок на Волтер од неговото време: „Религијата го чини човештвото седумнаесет милиони човечки жртви, еден милион секоја година!“
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стана нетрпелив и мене ме оддалечуваше од себе и од неговата куќа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Додека Раиз ме информираше за настанатата ситуација, ќеркичката Јета се беше оттргнала од неговата рака и се беше доближила до војникот со бајонет на пушката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се присетува дека по пристигањето и скромното добредојде што му го приреди Советот некако изненаден, затечен и збунет од неговото враќање, наиде на атмосфера на општа поразеност.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го зеде, покрај правните и адвокатски книги, старотурско-францускиот речник на неговиот албански сонародник Сами Фрашери, еден том од Енциклопедијата на Пјер Бејл, добиен како подарок, чија тајна за тоа како ја добил ја дознав на крајот од неговиот живот. И толку!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Скинете од неговиов корен и посадете си го на дланката На неа да изникне мала Сама Бука И нешто како детето во вас.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Прекина. Воздивна и од неговото засипнато грло тешко се откина зборот „Амин”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше и апсолутен имунитет против грижата, напорите и караниците, како и бескрајна добредојденост од страна на домаќинот чијашто одушевеност на шеснаесеттото повторување на некоја песна или приказна, беше иста како првата возбуда при слушањето на нова песна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Заробениот гулаб сѐ уште преташе со крилата. Пердуви се ронеа од неговото телце и се нишаа во воздухот како снегулки.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јас можеби и ќе му кажев, ама мене тогаш во очите ми навреа солзи и за да не ме види, јас речиси излетав од неговата канцеларија надвор од ходникот“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Па ако тој самиот од таа работа не се чувствуваше засрамен, или, како што произлегуваше од неговото однесување, тој самиот не страдаше од ситуацијата во која се нашол, зошто пак јас да страдам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Старецот, како што знаеме, монотоно го изговори своето ‘објаснување“; мислите се појавуваа некаде на површината од неговата свест, и тој речиси не ги ни чувствуваше стварно, иако однадвор зборуваше правилно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
— А сега, ако су јас домаќин и ме почитувате за таков, повелете сете кај мене в село на госје, — ги покани Толе сите и си го јавна Белчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Во еден друг настан не било така, - сонливо се побуни со растреперени зборови.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сето тоа, заедно со една замислена група луѓе и коњи, што поминуваат во некоја летна сончеста квечерина по овој пат, беше само едно бегло враќање од неговата заталканост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Околу пладне, кога сонцето беше највисоко на небото и кога горниот слој на снегот малку беше омекнат од неговите зраци, Бојан презеде потфат во чиј успех ни за миг не поверува, но нешто однатре, појако од неговиот чист разум, го гонеше во обид да ја провери таа своја замисла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Палавиот зрачок се капеше. Од неговата светлина бистрата водичка се преливаше како растопено злато.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И во тие патеки на височините, во тие жарчиња на претходниот оган се вивнати овие сублимирани, исцедени песни од кондензираната сила на СОЗДАВАЧОТ, од неговата енергија, внатрешна сила одредена да го исцрпи зборот од неговата суштина.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Јас ги тргам рацете од неговите рамена, се премислувам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од неговите чекори куќата се тресела.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
1 Leges suum ligant latorem. Законот го обврзува и својот доносител!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Андон мижеше и не виде каде ги закопа забите (имаше долги, ретки, диклести заби, полиени со жолта боја која по рабовите, до непцата, добиваше нијанса на кафеава, што најверојатно, беше трага од неговото претерано пушење), но Азра офна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од неговиот старински термос (тој го вика матарка), пиевме вода, а најинтересно од сѐ беше кога дедо го извади големиот војнички дурбин и јас цел час не го иставив од очите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ваквите тврдења никогаш не беа сфатени сериозно – за време на својот долг живот Р ги избегнуваше новинарите и не беа зачувани никакви снимки или фотографии од неговиот нос.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Таа пријателка не беше ни малку поубава и не помлада од неговата жена; но ги има на светот ваквите енигми и не е наша работа да судиме за нив.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Други, пак, велеа оти испаднала од неговата уста.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А Лидија, која живееше на подолниот кат од неговата зграда, му стана најдобрата пријателка.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Наутро и навечер дроздовите се натпреваруваа, но не им претставуваа конкуренција на мелодиите од неговата лира.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајка ги почитуваше Татковите мисли за границите што произлегуваа од неговите маки и страдања поради нив, но таа си имаше свои аргументи за нивното постоење, свој дел од големото страдање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тие — Грците Цицовци, Кондиловци, Кацигаровци за една две недели довикаа од Лерин регуларна грчка војска и го нападија Ѓура и од неговите „бугарски" села.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако се има во предвид дека во Р.Македонија од неодамна и средното образование се третира како задолжително и најчесто трае 4 години (од 14 до 18-годишна возраст) тогаш станува нејасно дали законодавецот мисли на задолжителното основно образование или пак предвидува законска можност за вработување која е практично неизводлива во реалноста!?; г) беше додаден нов став кон чл. 252 кој предвиде дека работодавачот кој ќе склучи договор за извршување на работа надвор од неговата дејност (договор за дело, авторски договор), а притоа ќе исплати надоместок (т.н.„хонорар“) за извршената работа во износ повисок од износот на минималната плата утврдена со закон16 е должен да плати придонеси од задолжително социјално осигурување (чл. 7 од ЗИДЗРО/јул.14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Признав дека еден дел од неговата последна ноќ ја поминав со него.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Климент Камилски во мигот не одговори, но по малку изнесе податоци од неговата париска дисертација дека некои лингвисти кои не престанале со истражувањата на потеклото на јазикот биле следени од специјалисти во генетиката на популациите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Односно, таа не води грижа за него, или за себе, ниту ја чувствува неговата грижа за неа. Конечно, Бојсовата уметност била неделива од неговото тело и сликите на неговото тело. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 97
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но гласот на Глигор му ги дереше ушите и ги гонеше магловините од неговата свест и ја разголуваше болката за нешто загубено без што овде е штуро и неподносливо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
За тој ден Иван Степанович смисли дека не би пиел не затоа зашто не сака туку божем бидејќи не смее!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Овде? му покажуваше на чичко Илјо девојката од неговите писма и не го тргнуваше прстот од зеленото катче на макетата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Нејсе, не мораше да покажува разни вештини за луѓето да се тргаат од неговиот мегдан: чаршијата и така брзо разбра за неговата промена и претпазливо го разлабави менгемето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Збирот на минутите понекогаш изгледа поголем од неговите составни делови, па четириесет и пет минути не се состојат од една минута, па уште една, и така четириесет и пет пати - кога се групирани, минутите како да формираат некаков пакет, кој е полесно да се проголта како сендвич со шунка, кашкавал, зелена салата и кечап, а не само како сува кифла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Но ако еден народ ги изменува својот јазик и својата вера во едно кусо време и под силно туѓи влијание, самиот без свест однесувајќи се кон таа измена, тогаш тој се откажува од самиот себеси и од неговите интереси и се предава и себеси и нив на еден посилен народ, којшто ќе постапи со него и со нив како што ќе му биде потребно; Значи, да се откаже еден народ од својот јазик значи да се откаже тој и од самиот себеси и од своите интереси; значи да престане да гледа на себе со свои очи, да суди за себе и за другите со својот ум и разум, а да чека укажување за сѐ отстрана.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Човек да поверува дека беа во прашање необични денови.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој се прашуваше дали одбивноста потекнува само од минатото, или пак е инспирирана од неговото поднадуено лице и од солзите што ветрот постојано му ги притискаше во очите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа замолча за миг за да дозволи ова да мине низ нејзиното постоење, и потоа го почувствува на себе притисокот од неговите цврсти прсти, само за миг, како да настапи принуден грч.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш ми раскажа, иако јас сето тоа го знаев поинаку, онака како што го раскажуваа денгубите старци во Кукулино, не ќе си ја смират ли душата со туѓи гревови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но што можел да спечали од една воденица пребогатиот бег?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И уште, криејќи ја од нив својата освестеност, само заради тоа што немаше сили да им одговори, можеше да го слуша како пробучува под него оној нивен тих, испрекинат од саповите, што ги носеше зачекореноста и умората, говор: - Го оставивме сам, толку време, - рече недовршувајќи од заздишаноста оној напред од неговата десна страна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Богословот се врати насмеан и повисок. Со своето враќање го врати и него од неговиот свет.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како што носеше местото, почна прво со мало Мариово.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во татковите книги со години трагав по спомените од неговото цариградско време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Едно лесно го отфрли злонамерниот дел од неговата сугестија, но не пропушти да го прифати делот што му ја дополнуваше веќе крокираната претставата за Петра.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Следувал многу логичниот заклучок дека "односното население не е отсечено од неговите 'браќа' надвор од значителното грчко население во источна Македонија, туку обединето со него преку природниот пат низ битолскиот теснец и отсечено само со државната граница".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еден добар број од неговите коњи биле полудиви, распуштени по падините на Сината Планина, така што одвај дел од нив можел да користи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Раскажуваше за едно од неговите планинарски патешествија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сега беше среќен со тоа што е толку добро сместен, а тука беше и неговата долга пушка, чии што метални делови му се впиваа врашки во јаболкцата од неговите прсти, но со која што тој можеше од своето место да ракува многу добро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Комитетот кажуваше дека нема чети, нема противдејство на реформите од негова страна, а пак Турците кажуваа дека има чети, населението дека има оружје и се готви за востание, војската има постојани судири со четите, четите ги убиваат мирните жители што не ги слушаат и му се верни слуги на падишахот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
ЛУКОВ: Сега е доцна. Минувачите околу тој агол се сосема ретки, може некој од неговите луѓе да Ве забележи.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Се сосредоточува на текстот од интервјуто за „Der Morgen“ кој му се враќа во мислите збор по збор, онака како што го даваше тогаш, пред девет години, имајќи ги пред очите како негови први читатели, татка си, реб Апфелблум, своите ционистички пријатели од Жешов, авторитетните рабини на Берлин, дури и неговите просветени професори од Виена кои во неговото доживување стојат, тројцата, со широко разлистани весници, потчитуваат од неговото интервју, а потоа задоволно фрлаат меѓусебни погледи преку рамките на очилата и цвикерите и задоволно го одобруваат прочитаното...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Продолжуваше само да гледа во густите роеви снежинки, во чие што виорење не постоеше никаква разлика од вчера, завчера, чиниш денеска воопшто не беше некој друг ден, погледот пак му заскитуваше во таа маглива, бела шума од снег, еден болен човек со она чувство за умирањето во своите мускули, нараснато во него повисоко од неговите рамена.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нема место што не е осветлено од неговата блажена душа, оти на сите народи скриените тајни им ги откри разумно исповедајќи, на едни со писмо, на други со поука.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Особено таа недоверба и наплив од Срби во македонското друштво настапи во II година од неговото постоење при инспекторот гимназискиот проф. Јуришиќ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беа чунким во некој зарек да направат една добра Задруга; ниеден од неговите селани, заедно со кои што тој до неодамна војуваше, а тогаш беа дојдени од Армијата, не се жалеше себе си да стори сѐ да биде тоа една добра, една нивна Задруга.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само од помислата на скелињата косата му се ежавеше и секоја жиличка од неговото тело врескаше: НЕ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На работ на клепките му се собирал мраз. Тоа биле мигови во кои и омразата испарувала од неговите мускули.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не зашто ќе мислат дека бил прав, туку зашто се крв од неговата крв.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сега кимаше со главата во благ лак. Сега стапчето од сладолед леко испадна од неговите прсти.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Она, со што најмногу им се одзиваше ним, беше некаков плач по себеси цврст, што се извиваше во секој лелек на таа ноќ, па и во оној, што поникнуваше и од неговото легло.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Само уште некој ден ќе ти бидеме гости, не плаши се нема многу да ти додеваме, — му одговори Гарванов божем навреден од неговата остра постапка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Тој не се плаши ни од дедо ти, ни од неговата сенка, ни од тебе. Јас сепак знам, сум слушал.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но најопасно е кога кај човек од неговите длабини, од инстинктите ќе се влее во неговиот табиет амбицијата да владее со народот, со светот, небаре до крајот на времето!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Марко уште од колата го забележа крупното несмасно тело на чичка Васка, превиткано преку крилото од неговата „мазда“, со главата во моторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа, оправдано се поставува прашањето: Дали Гарванов притоа навистина се раководел од интересите на Револуционерната организација или пак тоа го правел од некои поограничени интереси на ЦК, респективно од негови лични?
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Затоа што кога еден збор или подолг лингвистички низ (string) - што можеме да го наречеме текст - е напишан, тој продолжува да постои независно од неговото изрекување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бојс ја поставил Kleve Ausstellung von Ausstrahlung, “Клевската изложба на зрачење”) Телото, се разбира, секогаш било фундаментално за уметноста и тоа повеќе на еден метафоричен начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Купувам пиво и се обидувам да го 85 оставам на масата, но таму нема ништо, така што за малку ќе го испуштев.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Ха, ха, ха, - продолжуваше Претседателот. Беше тоа едно јадро човечиште, само за неколку прста понизок од Змејка, со широки раменици и со нешто несигурно сковано и на еден чуден начин колебливо во секоја црта од неговото лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од неговите искри се множат оние кои допрва ќе горат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Го побара околу себе и го најде. И сега лежеше тука, здола, со трите свои нозе подвиткани под себе и со едната останата назад; лежеше постојано со муцката дигната нагоре, а гладот продолжуваше да му чади погано од неговите очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога платното од чад се расчисти од неговото лице, Френк без двоумење забележа сомнеж и збунетост во очите на татко му.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Овие пропусти на младиов славист главно не ги среќаваме во подоцнежните негови пишувања, ако се исклучат некои од неговите последни статии (1923-1925).
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Исполнет со задоволство, тој згора- згора се потсетувал на сите оние весели моменти од поминатата вечер, сите оние зборови што предизвикале кикот кај неголемиот круг; голем број од нив тој дури и ги повторувал полугласно и заклучил дека тие се исто толку смешни, како и претходно, и поради тоа не е чудно што и самиот си се насмевнувал од длабочината на душата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Секој успех, секое достигнување, секоја победа, секое научно откритие, сето знаење, сета мудрост, сета среќа, сите доблести се мисли дека потекнуваат директно од неговото лидерство и инспирација.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Добро, и овојпат скрив од него дека во неделата се качив на крошните на највисокото дрво од неговата макета.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Победникот- везир почувствува страв од животот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И вистина, одвај ли има нешто поарно од ваквото свршување на македонската криза: за народот тоа е арно, бидејќи ќе се ослободи и од интригантите од разни народности и ќе се откаже од разни поддупувања што го одвлекуваат од неговите мирни работи: црквата ќе го помири неоснованото непријателство меѓу разните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, многу од неговите фонтови настанале како дискусија за читливоста, перцептивноста и други контроверзни прашања околу фонт- дизајнерството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Бев навистина поспана, заслепена, ниту за момент да здогледам или барем да се посомневам дека ни се прикрадува големото зло.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Шестиот, што не можеше онака бргу да се искрие, сигурно доста искасан, а веројатно некаде скраја и закачен од неговото зрно, си ја влечкаше доста бавно својата болка нагоре, накај шумата, потскокнувајќи само на трите нозе, со една притаеност брзајќи да ја искрие и својата тронога сенка меѓу сеништата на дрвјата на белата шума под месечината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го напуштив Балканот во времето на југословенските братоубиствени војни, но го носев со себе делот од неговите болки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Не знам во кој век и ден, во кожата на некој друг, сме ја доживелае или сме ја слушале прикаската за ковчегот на ветропирестиот Демофонт што му го подарила жена му на Филида да го отвори по една година од неговото одење на Кипар: кога ќе ја изгубиш надежта дека ќе ми се вратиш, ѕирни во него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Откако се раздели со неа тој не еднаш осети дека многу од неговите предвидувања паѓаа во вода.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, според зборовите на Кирова, времето покажа дека тие не си ја вршат работата: на пример, синдикатите не протестираа против одлуката со која се намалува платата за 15% на неодредено време поради финансиската криза на претпријатието, како ни против онаа нелогична одлука за истовремена набавка на нови возила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Така, за да ја продолжи играта, филологот беше принуден да пречекори некои ограничувања поставени од неговата сопруга.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Камилски не можеше да верува дека бројот на позајмените прилози од турскиот јазик може да биде толку голем, макар што нивниот број во употребата постојано се намалува во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се наведе и го распаша од неговата половина, та го опаша на својата, бришејќи ја крвта од палтото на убиениот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште пред да може да им се најде некакво поголемо значење на нејзините врели и недоречени написи (секако под псевдоним) во весниците Дрошак и Про Армениа, некако во времето ерменско- македонскиот митинг во Париз, во 1904, или порано, Рубина Фаин сѐ почесто сонува црвени пожари и виорења на пламени знамиња над кои, сличен на легендарниот громовник стои таткото на ерменското револуционерно движење, Кристапор Микелјан, жолт, расторбешен, куц и брадест, сличен и на праматар и на изгладнет филозоф, човек во чии очи можела да се прочита болката на сите испозаклани Ерменци од преострите сабји благословени од самиот султан, од неговите суви усни без насмевка и затворени во венец на побелена брада, света и злокобна како за него.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Очекувавме, како секогаш кога ни беше тешко во животот, утеха од неговиот благ поглед, од тоа блажено синило на погледот што смируваше, оддалечуваше од тешкото време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Меѓу нив не можеше да се влече колата во која лежев понеподвижен и од кифла.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Оваа вечна зима во која пишува го потсетува на многу нешта од неговиот земен живот, си помисли.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Веќе и самиот буден, врескавиот глас се почувствува понижен од навредите на братот близнак, од неговата измислица.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Рајна дојде и ми вели: „Замисли си, на гробот на Генералот, по повод годишнината од негова смрт, дојде и онаа мивка од куплерајот, онаа Сузи, или како ја викаат уште, и место внимателно да ја слушаат божјата служба сите гледаа во неа, се разбира не жените туку оние другине.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тоа е сѐ што останало од некогаш големото царство.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дедо Геро мирно излегол од неговиот конак, но веднаш се сетил каде ја скрил пушката и сета комитска спрема.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ќе туркат ѕид со глава, а оти ќе кршит лејката не му текнуват!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Класификаторската вештина, енциклопедизмот, цитатите и илузионистичките игри од историјата на сликарството неодвоиви се од неговото авторско писмо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На ручекот во домот на Паскали, подготвен од неговата неуморната и пријатна сопруга, Французинката Луција, зготвен според француско и македонско мени, се пиеше македонско вино, а за крајот на ручекот Паскали отвори шише шампањско, кое било наменето да се пие по операцијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се трагаше по пат како да се излезе среќен од Балканвавилон, од неговата силна сенка.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Оставете звуците нека ткаат песна волшебна од неговите патешествија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Сега не постоеше ништо друго. Од ова нешто сиот свет беше изместен од неговиот видокруг, и мислата му беше целосно преокупирана со тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Најпосле, Тоа мора да зборува, затоа му треба барем неговата вилица и вокалниот тракт, Тоа мора и да слуша, затоа му треба неговиот перцептивен кортекс и ушната школка, му треба и неговото внимание, затоа најверојатно ќе преземе и дел од неговата мозочна кора.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)