Од таков систем, социјализмот одамна веќе беше избегал, како изгорен од пламени јазици, кои само што се зададоа од подотворената уста на капиталистичката демократија, ги натераа на бегство и младите од својата сакана земја Македонија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од подотворената врата виде како мајка му, без било што да каже, му го подаде писмото на татко му, што беше дошло од жената.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Во средниот дел на градината беше поставена трпезата за ручекот по повод завршената работа на Татко и Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Во градината се ширеше миризбата на печеното од под сачот, на различните цвеќиња, на свежината која допираше од здивот на блиската река, од миризбата на печеното тесто со различни вметоци што се ослободуваше од подотворениот сач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)