од (предл.) - синоќа (прил.)

Во манастирот оѕвиваа тапаните и свирките и се виткаа ората во манастирските дворови: играа оние што дошле уште од синоќа и ноќта ја минале во веселба.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ги отфрли од себе дебелите волнени черги, се наведна над огништето, го распрета од синоќа запретаниот жар, фрли врз него пет, шест суварки, раздува малку и го остави огништето да чади.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лифтот многу личи на оној во твојата зграда – облепен со шест издолжени сиви плочи, споени по две од секоја страна.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Првата вест е за синоќешниот голем протестен митинг на синдикатите на Македонија... место на настанот... плоштадот... во срцето на Скопје... на снимката од синоќа многу луѓе викаат, меѓу нив и новинарката преминот од колор-стварноста во црно-белиот филм се случува кога новинарката, привршувајќи го својот гласен прилог, е поклопена од уште посилниот глас на еден од демонстрантите: Уа владааа!...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајката Роса од синоќа е во подрумите со момите и гуските, ама од кај исток, додека од оваа страна, на кај дворот, односно од кај влезот, има уште две празни места со ѕид раздвоени,само со празни дупки за врати и празни дупки за пенџериња.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)