Се подразбира дека потем ќе испратам и електронски одговор во татковината - да не би да папсам во туѓина од толку многу тајни во музиката на ѕвездите од татковината.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
А голото во век и веков си е праисториско место каде што пред секој нов самрак пеперутките наоѓаат пристан на голите дланки брчкосани од толку многу прочитани судбини.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
— Добро, бре Толе. Токо она да не се издаде, како ќе се доварди од толку очи?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Му се восхитуваше на тоа мало човештво составено од толку различни луѓе, кои живеат со векови заедно, без многу да се мразат, успевајќи да ги совладаат разликите, кои во другите предели на некогашното царство толку тешко се хармонизирале.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Тоа би била суштината и тајната на неговата личност. (9 бис) Ниту ни е намера овде да пресудиме дали ова интелектуално истражување - потекнато од толку потполна сублимација на едно сѐ уште незрело либидо, толку охоло што постојано ја одложува материјалната реализација на делото - треба да се доведе во врска со она што Duchamp, по повод Невестата што ја разголуваат..., го нарече „Стаклено задоцнување”.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Знаете ли оти од учење, косата ми падна, од толку ука главата шиник ми се стори?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Црвена сум. Од толку удари. Од толку понизни клекнувања пред тебе. Од сите твои каприци.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Пандо Бранов, таткото, го имаше забележано следното: „Ние многу повеќе во годината постиме одошто мрсиме, ама не постиме толку затоа што сме кај знае колку побожни туку затоа што сме и повеќе од толку сиромашни.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Ние заедно дојдовме од толку далеку ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Само студеше многу кога пристигнав, од толку што беше на отворено горе на гребенот... невозможно беше да се згрееш.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
„Слатки се тие окови исковани од толку многу нежности!“).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Кој видел аир од книги на Балканот, и тоа од толку многу книги?!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Стравуваше, еден ден, тој да не споулави од толку читање и заборавање на вистинскиот живот, да не му се случи како на едно друго дете од соседството кое, заминато во младоста во туѓина, во Романија и во Австрија, се врати со многу книги, а заврши зборувајќи си, со денови, самиот со себе чекорејќи брзо крај Езерото и служејќи им за потсмев на суријата деца.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ама како да отрпнавме од толку војни...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
И замисли си: од толку луѓе што пред нас живееле на Земјата, ние ја имаме таа среќа први да гледаме слики од Месечината, први да видиме камен од тоа далечно небеско тело.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)