Ме фаќа некој студ, кора мраз ми се обесува околу срцето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Околу срцето чувствувам мачнина што од страв што од студ.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Цело време Еда го стегаше нешто околу срцето, беше тажен, му се плачеше и – не му се работеше.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ракијата те стоплува околу срцето и после полека, ко некое бубаче-лазаче, ти шета по сите дамари.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)