- Под земјичкава е бескрајното царство на сиромавиот. Само тој и црвите. И сплеткани корења околу неговите коски.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се буткале, секој да се наднесе над него, некои од помладите да му ја допрат со усни десната рака, чиниш тој внимателно ги слушал и ги следел со малку накривена глава и подотворено око кон своето воле под дамкав габер; суро живинче слично на изгаснато суштество.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
— И земјата се врти околу неговата глава, вели, околу неговата рака.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)