Низ трите конфесии можеа да се изградат и мостови на толерантност кон своите различни по вера и кон другите...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Воздивнувајќи длабоко на сеќавањата што секогаш му паѓаа потешко од другите, оти не го лутеа, туку само го растажуваа, повторно се фати за перото и продолжи на нов лист: „Возљубени мои браќа по вера!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Историјата на Балканот била посилна од разумот и таа била обележана за разлика од европската со поголем дисконтинуитет предизвикан од инвазии, војни, побуни, сукцесивни империи, непостојани граници, повеќеслојни идентитети, од делби по вера, јазик, идентитет, навики, сфаќања, обичаи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но залудо ти ми го фалиш ко јунак, бидејќи враг си му нему по вера.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Таа почна да му зборува на Сандри, слично како и Марин Крусиќ: дека луѓето изгледа не се разликуваат по верата, туку по силата и богатството, а по сиромаштијата најмалку.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)