по (предл.) - воздух (имн.)

Гламните беа силни само додека летаа по воздухот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дубровчанецот небаре тргаше некакви големи пердиња пред неговиот ум, но тие сепак паѓаа тешко, враќајќи се назад удираа по воздухот со прашливото паѓање и го зашеметуваа, терајќи го да замижи, за да се заштити некако.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сонцето како течно злато се разлеваше по водата, блескаше, ги опсенуваше очите; Висар тешко се приспособуваше кон таа силна светлина; од шумот на веслата дивите патки пркнуваа пред нив и се преселуваа понастрана барајќи мир и спокојство; Висар му го вртеше грбот на сонцето и ѕиркаше во водата која ги менуваше боите спрема длабочината на езерото и гледаше во јадиците и канџите што ги спушташе Трајан; кога ќе се занишаше конецот, Трајан го креваше нагоре, го собираше и му даваше знак на Висар дека е фатена риба; Висар трепереше од радост и ѕиркаше во водата да ја види рибата; кога рибата, влечена нагоре, ќе дојдеше во погорните води, ќе почнеше да разлетува и да шета дè ваму дè таму, правејќи секавични движења и обидувајќи се да го скине конецот; но колку што конецот се собираше и ја доближуваше до чунот, таа сè понемоќна стануваше, ги скротуваше своите напнувања, чувствувајќи болка од јадиците и канџите во устата; тогаш Трајан отсечно ја тргнуваше нагоре, а Висар го потклаваше оршето под неа и ја внесуваа во чамецот; потоа го проверуваа другиот конец и почнуваа да го тргаат и собираат; рибите скокаа во чамецот, пласкаа со опашките, подзинуваа по воздух, а потоа се отпуштаа и се смируваа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Се впуштивме во ноќта, а заборавивме да се оптовариме со камења. Затоа сега лебдиме по воздухот.“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)