по (предл.) - двор (имн.)

Замавна еден од зулумџиите со сабјата, ја пресекоа главата, во истиот миг. Потече крвта македонска, по дворот...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Си олеснуваа со тоа што зимата на таа 1941 година почнаа да живеат со подготовките за свадбата која беше закажана за април.  Таа пролет во Белград, ми се чини, не ја почувствува никој освен Алегра и Јехуда кои во квечерините зборуваа за цутот на дрвјата ненадејно бликнати во бело по дворовите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сите ние бевме преокупирани со тој немир што го носеше навестената војна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како желка што ја пика главата в корупка кога ќе ја чалне некој, а после претпазливо ја вади надвор, иако можеби во тој час напаѓачот стои над неа со кренат стап и чека да ја трасне по глава, така и Пискулиев, по првиот уплав, почна да поднаѕира зад рамената на другарите и да се разгледува по дворот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Задржаните ги притиснаа пак во еден ќош, а пред нив горе-долу по дворот шеткаше стражар на голем коњ, управувајќи го понекогаш и накај групата, кога му се чинеше дека оваа се проширила на повеќе простор одошто ѝ се полага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А разгранатите, овде-онде по дворовите, расцутени бадеми и праски гореа со своите светлорумени крошни и се преливаа на сонцето, како големи сјајни рубини.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но по улиците немаше чешми, чешмите беа по дворовите, а во дворовите имаше кучиња, кучињата беа одврзани и ‘ржеа со рѓосаните заби по секој неканет гостин што ќе му се доближеше до сопственичката порта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога навикнавме на таа едноличност, на тоа сивило, вторникот во бавчата се раздени добиче што тонеше в земи, слепи близначиња шетаа по дворовите и пееја, и така, Ноќта ми се пристори некоја небесна тишина во која не се слушаше ништо освен оној вечен звук на земјата дури се врти.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
И тогаш, тој крмакот скокна од местото и јурна по дворот. Тоа мене од памет ме извади.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Боже, како лета времето! Веќе минаа над десет години откако тој остана вдовец.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој немаше деца. Гапка има деца и тие трчаат по дворот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Започна да пати и од несоница: шеташе ноќе по терасите, по дворот, земаше апчиња за спиење, но зголемувајќи ја постојано дозата, апчињата почнаа постепено да не дејствуваат, стана имуна.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Децата како засечени стебленца бргу почнаа да венат, одвај се движеа по дворот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во убаво време пареата се крева нагоре и се губи во небото, а во матно, дождливо време, пареата се спушта над селото, налегнува по дворовите, куќите, и им го гнети на луѓето во носот својот смрдеж.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XIV Падна првиот снег прасник и почнаа да се колат прасињата во селото; квичеа прасињата по дворовите, се ширеше миризба на топена маст; на пршки; кучињата влечкаа трбушки и црева по сокаците и бавчите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
XV Зимата го измени вообичаениот тек на времето: не се знаеше ни како се разденува, ни кога се стемнува; стануваа луѓето наутро изнаспани, излегуваа од куќите, шетаа по чардаците, кашлаа, се миеја шетаа по дворовите, влегуваа во плевните и земаа сено за ајваните, шетаа по сокаците и улиците, гледаа нагоре кон небото но никако да се раздени; зората никако да пукне, виделина да се запокаже; петлите кукурикаа, ја најавуваа зората, но попусто: или тие грешеа или таа доцнеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Луѓето како што пристигнуваат, така фаќаат место во бавчите, на островцето каде што истечуваат изворите, крај брегот на езерото, по дворовите, спростираат ќилимчиња, веленца и седнуваат да се одморат, да јадат; како што надоаѓаат луѓето од околните и подалечните места, така сѐ повеќе се полни просторот околу манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ветерот ѝ го посла цвеќето по дворот како да навева снег.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
А тие, никако да се измолкнат од поплаките и пискотниците. Некакви сенки им шетале по сокаците и по дворовите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Па тој потрча по дворот, свирејќи: - Фи-фи, фи-фи!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
По куќите, по дворовите каде што го водеше, се собираше сето село; во некои куќи ги криеја децата да не гледаат, а некои жени ги покриваа очите со раце кога бикот ќе си ја запотераше својата работа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
... Во последно време на Полин најомилена забава му станаа мачките; шеташе по бавчите, по дворовите, по плевните, по ѓубриштата и гледаше да вчапи некоја мачка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како што се множеа крстовите по дворовите, така луѓето сѐ поуплашено викаа низ прозорците кон соседите: „Кој е умрен? Кој е умрен?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Чакарвелика како да живна. Се разоди низ анот и по дворот, самата за работа се фати, децата како аргати ги хранеше со појадок, со ручок, со ужина и со вечера ги гостеше од она што го имаше или некаде го наоѓаше.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По дворот околу неа кокошките го оптеретуваа ѓубрето што не беше исчистено откако кацна фронтот горе на Пелистер и во анот муштерии навраќаа од новина на погибел.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Веќе не се ни загледува по дворовите, очите едноставно упатени само напред чиниш ги брои камењата од калдрмата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)