по (предл.) - лист (имн.)

Лист по лист кини лист по лист нижи лист по лист превртуј, притискај, лист по лист милно, таговно реди и на долга низа од капки пот и надеж со клетва и зелена јад, со корав поглед на очите матни по кревките лисја ж'лтозлатни прикаска горка на живот клет нанижи безгласна а така јасна.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Лист по лист грам по грам во муграта видов нов наркоман од темни зори трава тој витка до бели мугри жарчиња џитка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Наеднаш од темните облаци заплускаа јадри капки дожд по земјата, удираа по лисјата и ги ронеа; земјата започна да се испарува и да шири мирис на печен костен и леб; мирисот му влијае на Богдан опојно.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Лист по лист и на секој лист како да е издраскана иста песна испеана од популарен пејач: Веселба се шири на сите страни, Сега по земјата слободно одиме И големите денови ќе ги помниме!
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Лист по лист, „превртуј“ лист по лист, голтај, па наидов во еден од дневните весници на интервју со наш, македонски, млад театарски режисер.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Над градот е омарнина, по кеот мрака паднала, преку мост тропат копита, а Вардар лудо забрзал, галеби бели покренал а в соба тесна таванска Панче со млади студенти лист по лист вртат зборници.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Перото на Грофот продолжуваше да крцка везејќи по листот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам за каков привид можеше да станува збор, но наеднаш ми се пристори дека буквите што ги пишуваше Грофот, ги имав видено извезени на мали картички, помали и од личните посетници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
8. На граничниот премин Кристалопиги – како што погоре е речено -по старо селото се вика Смрдеш, името го носи по кристално чистата вода што извира од планинскиот извор покрај црквата Свети Ѓорги, една од најубавите во костурскиот крај, полицаецот лист по лист ги прелистува пасошите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Капки почнаа да паѓаат по листовите што беа расфрлени на шанкот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Планините реките, езерата и огништето дедово кај искри пламен во тенеќе кофа кај пуканки пукав, под крошните од црница тутун жолт, лист по лист си нижев... и овчарска торба со погача мека, сирењето зрело од баба ми праг..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кај се сега оние раце нежни што книгана отворена ја милуваа Зад прозорот веќе тивко снежи и снегулки босоноги претрчуваат Кај се сега овие раце бледи толку книги во есента што затворија Зарем веќе над новите редои надвесени занесено се уморија Кај се кај се Јас ги чекам чекам над книгата напуштена да затреперат Но место нив сосем сосем леко по листојте зашумува само ветрот Рацете ги нема нема нежни Прашањето в грло ѕвони испокинато Одговорот надвор снежи Снегулките тажат по нив непрекинато.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)