по (предл.) - паѓање (имн.)

Се наежував пишувајќи најубави и највосхитувачки реченици, кои меѓутоа, немаа во себе вистински восхит, и тоа се познаваше дури и по паѓањето на дирките по хартијата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За реализирање на таа цел, британските експерти одбрале тројна стратегија: поморска блокада, постојани воздушни бомбардирања и „субверзии“ на нацистичката управа во окупираните држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- И црквата и џамијата што се градени на истата улица, спроти себе, се изградени по паѓањето на комунизмот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред британските стратези, во годините по паѓањето на Франција во 1940 година и по германската инвазија на СССР во 1941 година, се поставило прашањето на кој начин Велика Британија, на која во тој период ѝ недостигале сила и војска за да се истовари на европскиот континент, ќе може да го ослаби Рајхот и како да му нанесе конечен пораз на Хитлер.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)