2. Одење по печурки
По рабовите на шумичките сенка
гром, заблуда душевна
поглед кој бара нешто нестварно стварно
нешто кое има облик, но варира
чудовишно мошне
пошашавува под шишарките
под игличките, трњата, папратта
под правта и пепелта.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
О, секое одење по печурки
разговор е со демонот на преобразбите
Овидиева тема, протејски мерак
подотворање на умот
најава на оностраниот моќен сурат
на стерната, стијата, привидот
и тоа најмногу кај оние кои
на овој свет се мислат
свои на свое.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)