Поставената задача била успешно извршена во почетокот на септември по што само мал сообраќај можел да се одвива по текот на оваа комуникација.208 На 2 септември британската позадинска воздушна мисија на Балканските воздушни сили во радиграмата до мисијата Conserve барала единиците на НОВ и ПО да направат максимални штети на патот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Патот нѐ водеше сѐ по текот на реката Урт и можеби затоа што овде речиси секогаш дните се врнежливи, природата беше многу раскошна.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Настаните течат неизбежно по текот кој ние им го предодредуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Погледот на Јана неодредено шеташе по текот на двете реки.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Геро, ослободен од туторството на снимателот со неговото задолжително пусулче и инструментите на вратот, ги водеше останатите од екипата на најневозможни места, не само по текот на едната туку и по текот на другата притока.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А сè по текот на еден порој што надоаѓаше од планината со топењето на снеговите во бранови од матни води и пресушуваше до суводолица во сушните лета.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Каде и да одиме, велеше Татко, ќе ја следиме судбината по текот на водите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Беше решен дефинитивно да замине по текот на овие води, да го следи патот на јагулите…
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)