по (предл.) - бескраен (прид.)

Гласно и говорнички почнува: „Си била една трговска дружина која со својот брод постојано крстосувала по бескрајниот океан и одела од остров до остров за да купува бисери.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Лежеше истегнат на тревата, гледаше во еден бел облак што патуваше по бескрајното небо и му ја пееше оваа песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Волците слепо ја следеа по бескрајното снежно море и ја оставија, а таа, како да си дојде на себе: далеку ги заобиколуваше јуруците, се плашеше од нивните развлечени песни; ноќе го грееше под срце нејакиот пород и се разбудуваше дури и кога по земјата ќе зашушкаа ланските дабови лисја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Па сепак, интернатскиот режим во студентскиот дом, окапувањето врз скриптите во семинарската библиотека, сојузната збирштина на сургунски сурати, безвкусниот штирак на мензашки порции, престолничките погледи на беспоговорните професори, свитканите плешки на провинциските безименковци, уситнувањето на младешките идеали со осминка здрвен бурек - сето тоа не беше лошо, барем за кратко, да се одмени ако не да се замени со познатото до здодевност лето во родниот град, со утринските прошетки по излитениот грагор на изодените патеки во паркот, со пладневното цапање по боси табани врз врелата песок на дивите плажи, со врвуличавото вртење по бескрајната лента на вечерното корзо, со срамежливите испраќања на новите симпатии по непознатите сокаци, со повремените кошкања на парталавата топка во маалската полјанка - и воопшто, по сите тие неизбришливи слики, што ги носиш како драг товар од детството а не знаеш што ќе остане од нив кога ќе стапнеш во животот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)