Со страшни репресалии врз населението било целосно задушено востанието, а водачот Каратасев пребегал во Србија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Дури отпосле, од твојот разговор со Методи, ја разбрав вашата намера: вам ви треба човек што ќе го изврши убиството и ќе ви овозможи вие да останете неоткриени - човек што ќе умре, по извршениот атентат, од вашата рака и што ќе продолжи да ви служи, онака како што ќе посакате!
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
На Евангелидис му била платена половината од сумата, а другата половина требало да ја земе по извршената работа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во врска со известувањето на работникот по извршената инспекција ЗИТ (1997), за разлика од ЗИТ (1985) предвидува само доставување писмено известување за утврдената состојба (чл. 16, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
По извршениот општ напад на востаничката територија, Османлиите успеале одново да го вратат градот Негуш.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
По извршениот напад и жестоките борби градот бил заземен, освен касарната и позициите на артилеријата.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
А уште почесто зема од чифчиите да работат по бавчите и двориштата на агите, а по извршената работа, ако си ја бараат платата, од ќајата добиваат само ќотек.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
До донесувањето на решението по извршениот задолжителен контролен преглед, осигуреникот добива времена инвалидска, односно семејна пензија, кое право му престанува ако не се јави на задолжителниот контролен преглед во утврдениот рок, или во случај при контролниот преглед кај него да не биде утврдена инвалидност, односно неспособност за работа (чл. 3 и 7).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)