по (предл.) - магистрален (прид.)

Кога бев излезен од Авенијата на палмите и се упатив по магистралниот пат кој водеше кон Тунис, на ретровизорот забележав како ме следи голем воен транспортер. Бевме сами на патот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше сигурно оти стариот Пико, во овие минути кога јас јурев по магистралниот пат напуштајќи ја Картагина, небаре во донкихотовска, дипломатска мисија, си го допиваше своето кафе во својата цветна градина, почнувајќи да чита нова книга, за која сигурно ќе ми раскажува, при наредната прошетка крај морето, а јас ќе му кажувам за своите дипломатски искушенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Излеговме од претседателската палата. Бешир по инерција појде кон амбасадата по магистралниот пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)