под (предл.) - веленце (имн.)

Една треска беше ме удрила и треперев ко лист под веленцето. Чај пив што пив, ама чајот толку може.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Дали е Бајазит во Скопје, убав свети Ѓорѓија, дали е Бајазит во тврдината? шепна еднаш Петре под веленцето, но за манастирскиот измеќар таквата важност истиот час се губеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А кај може да се спие кога во главата ти седат белите нозе на Родна и оние нејзини полни и подзавртени цицки што како збудалени животинчиња чиниш се ловат под веленцето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)