Во свеста ми се јавуваше руменоликата глава на воспитачот, сѐ така самоуверено исправена пред мојот поглед, под знакот на онаа курзивна максима од гимназискиот
лист, - а мене сурово ми се свиваше тупаницата и ми се чинеше дека стискам во неа нож.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Па така, со развојот на науката (пред сѐ медицината) хомосапиенсите започнуваат да живеат бајаги подолго, те одеднаш сиот тој верско-брачен концепт се доведува под знак прашалник.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Цветав во прашина и во малограѓанска здодевност под знак на крст, тогаш жилава фиданка со нејаки боцки.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ќе ѝ рече: Марија, јас сум роден под знак на бик, горд сум. Сфаќаш ли?
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На жена си Профимица, која често паѓаше во несвест, ѝ велеше дека е родена под знакот на некоја ѕвезда паѓалка која нема постојано место на небото, која е пречувствителна и кревка и која од ништо, од туку-така паѓа.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Можев да видам низ сивожолта зачаденост како бодат и како сечат крвави и песоглави и знаев дека тројцата Турци дојдени во селото под знак на своја ламтежлива правда не личат на себе - разлеано месо и бедни крпи се под сенките на ѕверосаните луѓе што се здружуваат во глутница кога се борат и самите за своја правда, и можеше да се поверува дека од криците и замавнувањата пукаат плитарските ѕидови.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така беше: турски јатаган му го ископа едното око на Арсо Арнаутче и ги раскрвави кого в рака кого в глава - Орлен Шумков, обајцата Онисифоровци, Куно Бунгур песнопоецот и Богдан Преслапец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ова и самиот повеќепати го искусив во својот живот, посебно во моите дипломатски години.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Под знакот на парадоксот појдов во дипломатијата, под знакот на парадоксите се враќав.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)