под (предл.) - нож (имн.)

— Тогаш сите вие кумити, нема што.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Жими вера, кажете кој сет, донесете мене нив овдека, бркајте вие работата. Инаку сите под нож ќе клавам.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во мигот ништо не одговори, но синтагмата под нож, часум го пренесе во скоро изминатото време на масакрот на невините кози, во името на брзиот прогрес кој треба да го донесат козарите лишени од нивните кутри кози, како работничка класа; на затворениот пат на јагулите од Езерото, на пат кон Средоземното Море и Атлантскиот Океан; и на сите други забрани од тие времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вреди, би рекол цинично Калигула, сѐ дури постои барем уште една глава за да се стави под ножот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој би бил во состојба да изваја глава, најубава што е можно, за таа глава да го обожува, а потоа, ако затреба, да ја стави под нож.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Смрт под нож? се праша. Нож в ленена кошула, нож под рефлектори?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Јас, бегу, нема што да кажам. Ни ќерка ми ништо не ќе каже. Ништо, ни под нож, бегу.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почнуваше часот на крводелницата. „Ако не кажеш ти, таа ќе е кабил да каже. Го убивте ли брат ми?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ливчето, се разбира, го фрлив, макар што ми рекоа дека власта, таа, народната де, по победата ќе ми ги плати. Така сите овци и кози - под нож.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Учителот знаеше: тужба, па на суд, козата под нож, а тој во затвор. Немаше избор...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)