под (предл.) - облак (имн.)

Киро засенчи очи со раката и погледна надолу на кај Јамата, Рото, Баро и Полената. Лежат под облаци чад.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Преку глава ни е од Германците и од небесниот град што се дави под облаци и од келнерите без кои шведската маса е бесмислена...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Молчеше и одеше Кијмет, се лизгаше како топло ветре низ сокаците, како ѕуница под облаците, како кордела од тишина, како стаена прашина врз камењата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Високо под облаците чучулигата изведуваше нови летачки фигури.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)