под (предл.) - рака (имн.)

- Немој така, - ми вели еден Турчин фаќајќи ме под рака. – Проблемот е решлив, - ми вели тој, - само што ишмилет живее овде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, штом таксистот или портирот во хотелот, или оној продавач на улица, ќе забележат дека сте странец, веднаш бараат валута, за која под рака даваат многу повеќе злоти, отколку што е официјалниот курс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нѐ освести зората, нестрплива и гласна (сигурно и таа изгубила нерви) те фати под рака и одлучно те поведе оставајќи ми ги истутканите дипли на улицата, тешки, наводенети од вчерашното водопролитие. Таа знаеше што прави со рацете.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Вистинската личност, во која би била олицетворена неморалноста на жената, би бил коњушар кој смрди на ѓубре и тој лик требаше да го оствари Роберт Њутн или некој сличен на него.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, деведесет и деветата ноќ, мандаринот станал, си го земал столчето под рака, и заминал.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Момчето мокреше на ѕидот, но девојката цело време го држеше под рака и не го пушташе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го фатив под рака мојот драг учител и, без црвенење, без премолчување и на најинтимни работи, пред никого уште не искажани и не признаени, - му се исповедав како на најблизок.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Од под рака го гледаше Том, крчмарот, како отвора едно шише од неговото омилено пиво и го става пред него. „Четирилисна детелина”, рече Даниел.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја зеде тетка си под рака и потем се изгубија во толпата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тргнав кон нив. Луција ме здогледа на десетина метри, се вкочани, застана и ја фати тетка си под рака, уште посилно.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вербата, која оди рака под рака со разумот, го напушти.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ковчегот е ставен и колата поаѓа и ние зад неа тргнуваме молчаливи на почетокот, а како што се должи патот до последното почивалиште, се погласно се слуша крцкањето на протезите, некои подзастануваат да земат подлабок здив, други се поддржуваат под рака и така почнува нов разговор за тоа што беше наша младост во времето – невремето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во неделниот ден, кога се враќавме од гробиштата, од прозорецот на автобусот случајно го здогледав татко ѝ на Марина и со него истата млада жена, што ме пресретна на вратата. Тој ја водеше под рака.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А кришум поткраднувало што ќе му дошло под рака.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се претставувало како божји пратеник и барало сѐ живо, и старо и младо, да паѓа пред него на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Под рака се чувствува косата рамнина и меката патина на покривите, нежните пори на асфалтот, високо исправените опаши на мачорите. ’Дррр-вооо’, изговараш галејќи ја распуканата кора на јаболкницата во дворот, восхитувајќи се на совршеното разгранување на растението и на неговиот еквивалент во зборот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ко чешма блика крв од под раката на Лазора Ночески. А тој ја мрда дршката од ножот, налево и надесно ја мрда и ножот само влегува подлабоко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- На папагалите Гањо, под рака, Македонија ја води на дупење.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кутри Донче Спискоски, ја испушта капата од раце и само се држи за градите, се префаќа. Му залетнува некоја осилка и му се кинат некои конци под рацете. Не може да запре, да се соземе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Една влезница добив јас, а втората ми ја жртвуваше браварот Васко.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја фаќам под рака и се влечам како посран гулаб. Не знам што да кажам, а и се срамам пред луѓето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ќе излеземе, таа заповедува да ја фатам под рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се погоди утредента партиската ќелија да ни прати влезници за опера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
До гледање, Јано. Се насмевна како да ќе апне и го фати Мирона под рака „Пеј, Мироне.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Едно попладне, враќајки се со Тамара од ручек, уште оддалеку ја препозна Атина како оди под рака со еден висок маж, елегантно облечен во кремасто одело и шешир на главата во истата боја.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Под рацете веќе му беше бутнато некое друго лице, модро-црвено лице на пијаница, со бели трепки, одвратно на допир, облеано со пот, со испарувања на алкохол, црно кафе помешано со рум - подготовка за наркоза, скришно пивната во меана заради охрабрување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Вагонот со дрвени седишта во кој патуваше беше преполнет од едно единствено огромно семејство, составено од една беззаба прабаба до едно едномесечно бебе, кое патуваше за да го помине попладнето со сватовите на село и, како што му објаснија слободно на Винстон, да набави малку путер под рака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога Гоше ќе се појавеше на вратата на аптеката „Здравје“, на Ласте срцето му заигруваше, го фаќаше под рака и заедно влегуваа во малата просторија наменета за прием на стока, за да кренат по едно до две чоканчиња ракија.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и Влаинката, која, за да не се струполи, го фати под рака мажот си, па и Марин Крусиќ, - дури и тие, по мала недоумица, се упатија во спротивна насока преку мостот кон Каршијак, иако патот не им беше натаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Работата ја забавуваше тоа што истовремено готвев, заради Симона, зашто знаев дека тој со години земал да јаде само она што ќе му дојде под рака.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И Трајко писна и затажи. Го поведе татка си под рака и не знаеше кој повеќе е отепан од жалот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И навистина, дедот Стале го зеде малото Пеце под рака и осумнаесет години го главува момок на манастирот за по шест товари 'рж, две лири пари, опанци и храна да проси по селата за истиот тој свети Илија што му ги прибра нивчињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја држев гордо под рака. Таа чекореше достоинствено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трајче се сневесели. Планински забележа, го зеде под рака и почна да му говори: - Не брзај!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Што чекам тогаш?, си реков и без колебање, се втурнав во колумнистичкото друштво, рака под рака со еден од моите најсензуални фотопортрети.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тогаш Профим ја спушти пушката, се воодушеви од она што го чу од Полин, го зеде под рака и го доведе дома.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На, гледај...“ ги вади од долапот и ги фрла пред неа; прва фотографија: Профим со жена си Профимица; таа е со испупчен мев, трудна; крај нив се сите четири ќерки: Царјанка, Девица, Венера, Андромеда; облечени која како се нашла во моментот кога сликарот дошол; зад нив: плот со оретчени плотици на кои стојат наврени празни грнчиња, стомни, чупки; дрво што се превиткало и со едниот дел влегло во фотографијата; Профим со поднакривена шубара и исшилени мустаќи подвиткани нагоре; едната рака ја држи префрлена на рамото од Профимица, а со палецот од другата рака притиска на малото џепче од копоранот; Профимица е забрадена со шамија тргната над очите, како да се затскрива од сонцето или како да се срами; втора фотографија: Профим и Профимица, сами; Профимица е со доста потпорастен мев; фотографијата е направена одблизу како за на ѕид или надгробна плоча; жена му ги држи рацете скрстени на мевот, а тој ја држи под рака; зад нив се наѕира вратата на чија клучалка висат потки од дрен и кукурек и дел од детската глава нацртана со креда на вратата и чијашто уста е развлечена во смеење; трета фотографија: пак сите заедно, но сега Профимица ја држи во рацете долгоочекуваната принова на куќата - бепчето Скрче; се гледа: фотографот имал голема мака додека успеал да го фати овој момент кога бепчето ги отворило очите, при што насмевката на Профим, од долго местење и стоење, останала како сиросана, како скаменета; девојчињата од пресилно блескање на сонцето, замижале и изгледаат како да спијат! четврта фотографија: Скрче качен на коњ.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
(Евто го зема Михајло под рака. Го влече зад себе. Прават движења како кружно да летаат низ собата. Удираат од ѕид во ѕид. Несигурно се смеат.)
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Чекоревме со Филип рака под рака. Застанавме покрај продавачот што продаваше печени коштени. Ги подстопливме рацете на огинчето.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)