И како ќе голтнам така ќе ме жегне под скутината. Си мислам: сум голтнала мрава и мешам во маштеницата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
И така јас жнијам, а под мене, под скутината, ми удира златното, ко со јарешко копито.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Притоа мисли на Србија и на Бугарија, а колку за Грција - со нив, со Грчиштата, поинаку треба да се разговара, машки, отворено, а не да се фаќаат владите една со друга под скутина, за никој да не ги виде кај се држат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не смееш многу да го гледаш. Затоа го завиткуваш и го криеш под скутина.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)