За мародерство и најмал белег на недисциплина, за обид да се земе парче леб од куќа на селанец, за недостаток на дури и на една порција за некој од борците се одеше под ѕид.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Дали само за тоа што беше повредена нашата верба и достоинството на борец викавме: - Смрт!!! - На бесилка!!! - На три метри под ѕид!!! Дали само за тоа ги баравме нивните глави?...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И сега, по толку изминати години, ми се чини, дека бесвесно баравме смрт, бесилка и три метри под ѕид и за тие кои нѐ водеа...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И додека ние на сето грло викавме, барајќи смрт, тие, големците, се редеа на говорницата, обвинуваа, викаа, плукаа, покажуваа со прст, а ние викавме: - Смрт, смрт, смрт!!! - На бесилка!!! - Под ѕид на три метри!!!
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Го гледаа животописот, се вртеа под ѕидовите како замајани. Нацртаното зрачеше врз нив како божји поглед што смирува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)