Кожата им се изѕира низ брадата, како снег од под сува трева.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Со мирни очи ги гледаше отпечатоците на моите наводенети опинци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Земјата беше под сува кора и пак не ја впиваше влагата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Да види дали таму, запретан под сувите лисја, презимил неговиот пријател и сосед, со кого не се имаше видено од октомври.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Ветрот е во став мирно а и галебите не гракаат под сувата грмушка во песокта.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)