Овие два „споредни случаи“ не се предмет на оваа анализа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второто „К“ поврзано со колонска вода Во светот е позната познатата келнска колонска вода и затоа Келн, инаку град на индустријата и трговијата, во цела Европа и надвор од неа го носи знамето на „4771“, а покрај овој број задолжително стои натписот „Келнише васер“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И сега, греејќи се покрај овој гопем оган запален сред црква, со опуљ лакомо свртен кон иконите не за да се молиме, ами за да ги изгориме, небаре ја уништуваме целата надеж ние, борците за народна власт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но, исто така, на опишаниов судски спор, му следеше уште еден, во 1998-та – за враќање работник на работа кој, пак, беше споен со него (П.бр. 1572/98).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Покрај овој проблем во зборувањето, „р“-то не го артикулираше, туку го ’рчеше, сите вокали ѝ беа проговорени како да има кнедла заглавена во грлото, а не се ни познаваше дали вели „д“ или „ѕ“.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Покрај овој контроверзен закон, оваа сензитивна сфера беше уредена и со множество други, мошне комплицирани, закони: Законот за промет и располагање со општествениот капитал (Сл. лист на СФРЈ – 84/89, 46/90); Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште (Сл. весник 240 на РМ – 19/96, 25/99, 81/99, 48/00 ПТ);
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)