покрај (предл.) - сиот (зам.)

Панталоните од џинс биле идеални бидејќи тешко се кинеле, лете во нив не било претопло, зиме не било престудено, имале долгогодишен рок на употреба, а покрај сето тоа изгледале добро кога по многу перења ќе го добиеле својот славен испрано-блед имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се појавија многу нови етикети, но Levi’s остана возвишен крал.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вистинска експлозија се случи во шеесетите - половина луѓе од планетава почнаа да носат фармерки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи Штраус бил фармер од американскиот Запад тој искреирал пантолони од грубо платно наменето за селаните што работат тешка земјоделска работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Покрај сето тоа биле совршено скроени, такашто секому добро му стоеле.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, и покрај сето тоа не беше сосема сигурна во крајниот исход.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ни за пливач не е покрај сиот занес. Во корито празно давеник ќе стане.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тој за трки не е, покрај сиот копнеж, на кучешко влакно слепо ќе се сопне.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Куќата што воздивнува се обиде да ме охрабри: - Веќе претскажав – ти ќе ги спасиш нашите момчаци од јамите во рудникот на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Нулата навистина нема никаква вредност. Таа е само шуплив круг.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)