покрај (предл.) - сите (зам.)

И го направи, покрај сите попови настојувања работата да оди по неговиот план.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Со цветно венче на главата, со распуштена руса коса дури до појас, со огрубено лице, со полна кошница бисилкови кивчиња и шарени предена одеше низ Потковицата и на сите крстопати и покрај сите води, и кладенци, каде што поминуваа, каде што пиеја и каде што пладнуваа Турци, правеше маѓии, па така никој, ниту Турчин ниту христијанин злонамерник не смееше да ѝ излезе во пресрет, не пак да ја земе на подбишега и да ја злоставува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нема сомнение дека, и покрај сите заслуги и значењето што го има во македонската историја, оваа организација имаше и свои слабости, за кои не од денешно, туку од тогашно гледиште, прв и најаргументирано проговори токму К.П. Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додатен проблем му причинуваше и најавата за носење закон за неженети со што Трпе покрај сите пиздарии ќе требаше да ѝ плаќа уште и данок на државата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, како да се молчи приживе? И покрај сите копнежи, еве неколку месеци, никако да здогледам светлина.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но во Велевата душа, и покрај сите судирања со Аргира, немаше омраза за него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Често можете да се фатите самите себе како стоите пред огледало и се прашувате: кои сте вие од другата страна на огледалото?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Покрај сите тие работи кои ги поминав со тој човек за толку кратко време, покрај сите работи од неговото минато што ги знаев за него, јас поминав преку тоа, му простив за сѐ.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Фан Ноли не беше светец, имаше и тој свои грешки, но ние не можеме да ја прифатиме неговата верска определба и покрај сите негови заслуги како државник, писател и преведувач! – продолжи А.А.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И покрај сите активности, напиша значајно книжевно и публицистичко дело на албански јазик, далеку од преродбеничките утилитарни шеми и националниот патос.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Земете ги на пример емигрантските држави (континенти) како Америка или Австралија, Јузна Африка итн., и покрај сите обиди на владеачките олигархии и нивниот политичко- социјален инженеринг (масонерија), вие сѐ уште имате страотни општествени дисбаланси - расизам, гетоизација, национални лобија...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Земанек седеше на своето место; очигледно, и покрај сите физиолошки потреби за сон, што обично се викаат мамурлак, тој беше совладал еден физиолошки закон; на тоа го обврзуваа редот, поредокот, општеството.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ама овојпат, иако тој не го забораваше оној стар ферман, со оловен печат, дојден од султанот до дедо му славниот Исхак-бег кога овој стана заповедник на Скопје, пишуван со рака и во футрола од ѓон, а во кој султанот умно ги опоменуваше своите намесници да не се перчат многу и да не се подаваат на суетата, зашто да бидеш господар на еден народ е исто што и да седиш на терезија со два таса, тој сепак не ја менуваше одлуката: првин затоа што потурчувањето на ибн Пајко ќе одекнеше силно меѓу колебливата раја, а второ, затоа што и самиот султан, покрај сите совети, даваше и уште еден, кој сега многу му одговараше на Мехмед-паша: „Својата сабја сепак секогаш држи ја остра!“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И покрај сите обврски дома и на работа, тој не престануваше да размислува што да направи, кој да биде следниот чекор кон повторно доближување кон Томаица, давање знак дека тој не се откажува така лесно, дека ќе направи сѐ нивната љубов да продолжи да живее.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега веќе не можеше ни да ги чуе. Сега тие ја однесоа својата морничава песна толку далеку, што тој, и покрај сите притајувања, не можеше да дофати со слухот ни најмалечок трепет од нивниот крвав плач во далечините.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш не можев да ја разберам како може да биде сама покрај сите нас!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мислев на беспомошноста, како на едно од најрано осознаените чувствувања во животот и на тоа дека и покрај сите подоцнежни искуства беспомошноста останува нашата најчеста придружничка. Затоа и го избрав молчењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога Мајкл Болкон (Michael Bolkon), заедно со Виктор Савил (Victor Saville) и Џон Фридмен (John Friedman), основале нова, независна компанија и почнале со снимање на својот прв филм, Хичкок, и покрај сите други должности, работел и како асистент на режисерот.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Романот претставува топла химна за животот и покрај сите можни искушенија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Минале илјадници, милиони години, човекот и покрај сите тегоби и неволји, му останувал верен на Езерото и на животот во него, на сите животи. На јагулите и на пастрмките. На сунѓерите и на микроорганизмите. На сите животи во храмот на природата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Нели и самата заклучила, и тоа дури во Поштата, (додека ми телефонираше) дека и покрај сите подготовки излегла од дома несоответно дотерана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но сепак, и покрај сите перипетии, како што наведува уредникот на оваа студија – нашите работници знаеле да се одважат, да кренат глава и да организираат штрајк.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)