Семасиографијата или идеографијата ја карактеризира онаа класа на системи на писмо, чии знаци не ја изразуваат фонетската страна на конкретниот јазик, туку Маргина 37 83 изразуваат конкретни поими или цели ситуации во непосредна корелација со планот на содржината на јазикот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Од сите ексцентричности на египетската лексика најизвонредна е можеби онаа, покрај зборовите коишто во себе обединуваат спротивставени значења, која во себе содржи сложени зборови во кои две реченици со спротивно значење се обединети во еден композитум кој го има значењето на само еден од неговите два члена кои го конституираат.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Со други зборови, во таквите системи на писмо планот на содржината изразен со зборовите на конкретниот јазик, непосредно се одразува во знаците на писмото, со што знаците на писмото ја играат улогата на единици, кои покрај зборовите од конкретниот јазик ги изразуваат и универзалните појмовни категории од разните нивоа на апстракции.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)