По добивањето на првостепената пресуда, работодавецот – незадоволен од истата – во декември 2003, преку својот полномошник- адвокат (П. Трајковски и неговиот заменик Д. Деспотовски) поднесува Жалба до Апелационен суд – Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Најпрво, и покрај уредното пријавување на случајот кај јавниот обвинител да ја преземе кривичната постапка, тие беа одбиени односно, со писмен акт III РО бр. 228/08, во мај 2008 беа известени дека надлежниот основен јавен обвинител (Д.Михајловска) нема да покрене кривична постапка со образложение дека „не постои основано сомнение дека се работи за сторено кривично дело“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Второстепениот жалбениот суд, по пет месеци – во мај 2004 – со Решение ја усвојува жалбата на „Киро Ќучук“, и истовремено ја укинува првичната пресуда, а предметот го враќа на повторно судење.5 Но, и по повторената постапка, судот во Велес – во март 2005 – во отсуство на законскиот застапник на „Киро Ќуќук“, кој не дојде и покрај уредната достава на поканата за рочиштето за главна расправа, пак носи позитивна пресуда во корист на Авдиќ, која станува правосилна и извршна во јуни 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Утврдувањето на кривичната одговорност на сопственикот на фирмата,7 која треба по службена должност да ја утврди полицијата и јавниот обвинител, беше исто така трнлив пат кој го изодеа Јакшиќ и неговиот новоангажиран адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)