помеѓу (предл.) - две (бр.)

Во овој момент, на пример, ми наидува очигледноста дека човек додека е жив живее помеѓу две површности поради што ни самиот не може да избегне да биде површен.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Некаде помеѓу две неосновани паники ми ита часовникот – прерано се поклопуваат стрелките на срцето.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Летото ве посади на брегов каде што помеѓу две неба умира времето.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Помеѓу двете зелени утра е нашиот неспокој зборот е таа страшна гасеница што нѐ брсти.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Те маѓепса светулка, Патнику, помеѓу двете осамени ѕвезди кај што ноќта е најдолга.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тихо помеѓу две неба умира времето
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дури не можам да се сетам ни каде се наоѓав; (веројатно во некој од походите по планините, помеѓу две борби); а и верзиите што ги слушнав за денот на погребот не се совпаѓаа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А во тој ден човекон што ја сретнал, младичот што и понудил да ја поведе со себе и што можел да ми стане и татко, бил облечен во војничка униформа и јавал бел, војнички коњ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека уште утредента ако не и истиот тој ден можат тие туѓински војници да се појават во полето помеѓу двеве планини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зголемувањето на Бугарија од присоединувањето на Македонија не може да биде допуштено од Србија не само затоа што со тоа ќе се наруши рамнотежата на Балканскиот Полуостров, а најмногу затоа што по неговото извршување Србија ќе се најде помеѓу две посилни од неа држави: Австро-Унгарија и Бугарија таа ќе биде од нив политички и економски задушена и ќе треба да ѝ се потчини или на едната или на другата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јастрепски остроока, подгрбавена аглесто и со машки објала под црната калуѓерска облека, така што дури и рамениците ѝ личеле на скршени или преморени крилја, изгледала дека никогаш веќе не ќе зачекори по таа земја на тага, дека ќе остане на тоа и свето и проклето место, помеѓу две нездрави црни борови стебла, и самата да пушта од себе испреплетени корења и да го наслушува со накривена глава минатото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Косите, повеќе лилави отколку црни од јад или побелени од спомени, ѝ ѕиркале од под забратката и биле некако призалепени за скаменетото лице што не познавало насмевка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Особено помеѓу двете големи војни, тие, ловџиите беа вистинска напаст за Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слабите раце на Август ги прегрнуваат решетките на кафезот, малата паметна глава е скоро провлечена помеѓу две јаки железа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Живеејќи во две времиња на Балканот и во Цариград, во османско и во турско, Татко ќе се најде помеѓу два јазика во потрага по еден, помеѓу две азбуки, арапската и латиницата, помеѓу два света на зборови, без утврдени граници помеѓу нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Куќите во маалата биле преку авлиите поврзани со мали капиџици, односно вратички на ѕидот помеѓу две куќи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се случувало, неретко, капиџиците да бидат отворени помеѓу семејствата од различни религии, кога биле затворени надворешните порти.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стиснат помеѓу две тешки тела во затворениот автомобил, удираше со голото теме во нискиот метален покрив и прегласно пцуеше - платеници и стаорци, ќе ми паднете проклети в раце и ќе ги проколнувате имињата на сите крави што ве доеле, а тие, свечени и исправени, седеа крај него бес глас во челустите како да се на нечиј погреб.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но кога животот, во долгиот балкански егзил, нè соочуваше со брзи и судбински решенија, Мајка ги донесуваше одлуките, оставена сама во воените траншеја помеѓу две војски, пред празните чинии на своите чеда, во времето на големата немаштија, верувајќи, надевајќи се дека Татко е со неа, го гради патот на мислите кој води до спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беше една мала тампон-зона помеѓу двете земји која требаше да ја мине пеш, следена од будните граничари, вооружени до заби, од двете страни.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некролозите станаа визи помеѓу двете „скарани земји”!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Погледот стигнуваше до блискиот брег, во Албанија, откако ќе ја минеше границата помеѓу двете земји, означена со понекоја невидлива бела пловка на езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тоа време е помеѓу две смени, а средбата ќе е заедничка: и млади литерати, и рецитатори, и еколози.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мисијата на нашата театарско-писателска делегација се очекуваше да успее, макар што патувањата од овој вид беа ставани под лупа, пред сѐ поради отпорната граница – ѕид помеѓу двете соседни земји и тешкото покревање на силите што требаше искрено да ги нормализираат односите помеѓу двете земји.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред самото кревање на граничната рампа, за да се мине тампон-зоната помеѓу двете земји, повторно ми пријде жената од индиректната рода.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)