Таму како да бешево некоја трета земја, некаде помеѓу земјата и небото, откако си ја напушти родната грутка и не најде спокој во новата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сликал кози, крави и многу други животни, но се разбира и луѓе, кои ослободени од тежината на земјата полетуваат, запираат во облаци помеѓу земјата и небото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Како кога месечината ќе застане помеѓу земјата и сонцето па ќе ја зачади планетата и ќе ја затемни ѕвездата, тој е несреќна врска помеѓу семејството и своето и нивното утре: без него тие ќе се глад, беда.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Најпосле, Татко можеше да ги смири и своите книги на чардакот, и тие, подготвени, со раширените листови, како крилја на судбината, да полетаат некаде со семејството, да го стигнат вечниот облак над покривот на куќата, помеѓу земјата и небото, токму како во сликата на Шагал.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Секаде до каде што допира погледот, и горе, по сртовите на ридиштата, и долу, на дното на Потковицата, и во воздухот, помеѓу земјата и небото, се преметнува и небаре изгладнета глутница завива сиво бела пустелија...
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ете, сега е тука, во тој прекрасен пејсаж, со месеци сонуван, посакуван, далечен, недостижен, мирисен - трча низ ливадата... не, денес нема да ѝ попушти на Јана... тој ќе втаса прв до крајот... до реката... до тополите... трча со подмижени очи низ синозелениот акварел... трча небаре низ сон, кога ти се раскрилува душата, па си лесен... лесен... не, не гривест коњ... трепериш во воздухот помеѓу земјата и небото - како вилино коњче трепериш...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)