Ќе се борам колку што можам да докажам дека нема јазик на кој не се рлаче и не се страда, нема јазик на кој може докрај да му се биде верен...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мислите ме пренесоа кон Берат, амблемскиот град на соживотот и верската толерантност помеѓу албанските рисјани и муслимани.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Би сакал да ви пренесам еден објавен текст за моите потраги и размисли, на некој начин расрнат помеѓу албанскиот и македонскиот јазик, во потрага по излез во јазикот на татковата душа:
Еден ден, кога на прагот на пеколот или од рајот (со помали шанси) ќе се најдам пред небескиот трибунал на моите албански предци, сигурно ќе бидам обвинет за, велепредавство, затоа што додека живеев на рланетата Земја го изневерував мојот мајчин јазик, пишувајќи и на јазиците на другите, на јазиците на народот со кој живеев и оние другите, со кои бевме соседи.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)